Достапни линкови

Георгиевски и меѓуетничките односи најкоментирани


Прилозите за меѓуетничките односи и за Љубчо Георгиевски и случувањата во ВМРО-НП, најкоментирани теми изминатата недела.

Новата тема во Хајд паркот е прашање до вас, почитувани, малку реторичко затоа што одговорот сите го знаеме, но вие, со вашите коментари покажувате дека работите ги знаете ептен добро.
Македонија е земја во која невработените работат најмногу, земја каде што здравството е бесплатно, а лекувањето скапо, народот слави диктатор, а демократијата се смета за глоба за будалите,земја која подобро ќе напредува ако што повеќе назадува.
Коментар на читател.

Значи, кој ги влошува меѓуетничките односи по Вевчанскиот карневал? Особено впечатлива е пораката на Ставре кој се потпишал дека е од градот Шкуп, порака која посредно го дава одговорот на нашето прашање, а кој ги наредил сите парадокси во Македонија, од тоа дека е земја во која невработените работат најмногу, па до тоа дека е земја каде што здравството е бесплатно, а лекувањето скапо и дека народот слави диктатор, а демократијата се смета за глоба за будалите и каде што се смета дека земјата подобро ќе напредува ако што повеќе назадува.

Прилозите за Љупчо Георгиевски, најкоментирани теми на нашиот сајт.
Прилозите за Љупчо Георгиевски, најкоментирани теми на нашиот сајт.
Јован од Ресен пишува за некоја контактна емисија на тамошното Радио во која гостувал Владимир Голубовски, кој на забелешката од една слушателка дека во Ресен убаво си живеат Македонци и многу Турци и Албанци искоментирал: „Епа, нека ви е на здравје“, на што Јован констатира дека не треба повеќе коментар кој е подбуцнувач на меѓуетничките несогласувања, поточно дека тоа се „политичарите“ (во наводници).

Блажо пишува дека сме виновни ние како граѓани што ги гласаме таквите, па ем не' стрижат како овци, ем не' буцкаат да се мразиме. Но, заклучува Блажо, секој народ си има онаква власт каква што си заслужува.

Џони од Валандово, очигледно лут од состојбите во државава, вели: „Ма какво Вевчани, луѓе? Со гладниот лесно се манипулира, а за малку пари и лажна слава се продава. За една карта до Белград се испотепаа, срамота! Дигнете се заедно против политичарите кои се богатат и ви се смеат зад грб“, завршува Џони.

А бројот на коментари на најкоментираната тема на нашата веб-страница, онаа за изјавите на Љубчо Георгиевски по објавувањето на Додовски дека ВМРО-НП се враќа во јатото на ДПМНЕ - дека режимот сега, по растурањето на медиумскиот простор се обидува да ги растури и опозициските партии во Македонија, покажуваат дека политиката и натаму ќе ни биде главна храна во нашите животи и покрај тоа што сите сме свесни какви манипулации прават политичарите.

Коментарите, какои вообичаено, особено кога е во прашање Георгиевски, се движат од одобрување и поддршка за тоа што го зборува, до отворено нетрпение, особено поради неговите пробугарски ставови.

Македонец пишува дека Георгиевски не предал никого од својата партија ама ја предал целата македонска нација, а Светле прашува како после пребегот на Додовски можеме да го сметаме за голем патриот? „Доста ни е од ваквите сончогледи“, вели Светле од Скопје и прашува дали има некој саглам човек да застане и да тури во ред оваа раскалашна држава.

Кои се причините за меѓуетничката нетрпеливост по Вевчанскиот карневал и дали апелите на политичарите помагаат? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Хајд Парк - Меѓуетнички односи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG