Достапни линкови

Арифи - Пангалос за регионална соработка


Средба на вицепремиерот Теута Арифи со нејзиниот грчки колега Теодорос Пангалос, Атина, 2012
Средба на вицепремиерот Теута Арифи со нејзиниот грчки колега Теодорос Пангалос, Атина, 2012

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи денеска во Атина се сретна со грчкиот вицепремир Теодорос Пангалос. Таа на грчкиот премеир Пападимос му однесе писмо од премирот Груевски со барање за средба.

Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од западен Балкан, рекол грчкиот вицепремиер Теодорос Пангалос на средбата со македонскиот вицепремиер Теута Арифи, денеска во Атина.

Дозволете со ова писмо да изразам подготвеност и јасна и недвосмислена волја за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за спорот кој е отворен од вашата држава, а кој се однесува на името на мојата земја.
Писмо до Груевски до Пападимос.

Премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Лукас Пападемос
Премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Лукас Пападемос
Арифи на Пангалос му ги презентирала активностите и реформите кои се спроведуваат во земјата во насока на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, соопштуваат од секретаријатот за европски прашања. Двајцата вицепремиери разговарале за унапредување на соработката за искористување на европските фондови, за унапредување на регионалната соработка, за економски прашања. За време на средбата се разговарало и за Охридскиот рамковен договор.


Патувањето во Атина вицепремиерката го искористи да достави барање од македонскиот премиер за средба со неговиот грчки колега. Во писмото Груевски наведува дека е подготвен евентуаланта средба да се случи во Грција, Македонија или на кое било друго место, само да се случи

​побргу.

„Дозволете со ова писмо да изразам подготвеност и јасна и
Преговорите се напразно, затоа што вистинскиот и сериозен проблем се ВМРО-ДПМНЕ, вистинскиот и сериозен проблем е нивната влада и нивната.
Алајдин Демири, професор.
недвосмислена волја за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за спорот кој е отворен од вашата држава, а кој се однесува на името на мојата земја“, истакнува во писмото Груевски.

Вицепремиерката Арифи уште минатиот септември побара средба. Нејзиниот грчки колега Пангалос, откако прво прифати, потоа ја презакажа за почетокот на оваа година. Од кабинетот за европски прашања велат дека
Посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц
Посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц
побарале средба затоа што сметаат дека билатералните контакти се неопходни за јакнење на довербата меѓу двете страни и за создавање позитивна атмосфера за решавање на спорот со името.

Пангалос е прв од грчките челници кој прифати средба со македонски колега. Во декември, барање за ваков директен контакт од премиерот Груевски одбија новиот грчки
Јас сериозно се сомневам дека во однос на решавањето на прашањето за името, или во давањето предлози, се сомневам дека сериозно се навлезени во тоа. Знаете, централното прашање е решавање на други прашања, надминување на други пречки и не знам дали навлегле во тоа.
Никос Папаконстантину, советник за медиуми во постојаната мисија на Грција при ОН.

премиер Пападимос и лидерот на Неа Демократија, Андонис Самарас.

Денешната средба во Атина е само​купување време, овие луѓе немаат мандат за одлука и разговараат само напразно, вели професор Алајдин Демири.

„Преговорите се напразно, затоа што вистинскиот и сериозен проблем се ВМРО-ДПМНЕ, вистинскиот и сериозен проблем е нивната влада и нивната одлука за менување на името. Овие се формални работи и не знам од која причина ДУИ ги прифаќа, затоа што и тие се свесни дека се една формалност која ништо не допринесува.“

Демири додава дека денешаната средба ќе се искористи и пред меѓународната заедница за да се прикаже дека нешто се работи, има средби.

„Појавувањето на Нимиц, треба овие денови тој повторно да се појави и аргументот на Грција и аргументот на Македонија ќе биде дека ние нешто правиме, нешто преговараме.“

Никос Папаконстантину, советник за медиуми во постојаната мисија на Грција при ОН, во разговор со нашиот дописник од Њујорк Кортни Брукс, вели дека на последната средба на Метју Нимиц со двајцата преговарачи, немало конкретни разговори за некакви решенија за името.

„Јас сериозно се сомневам дека во однос на решавањето на прашањето за името, или во давањето предлози, се сомневам дека сериозно се навлезени во тоа. Знаете, централното прашање е решавање на други прашања, надминување на други пречки и не знам дали навлегле во тоа“, вели Папаконстантину за Радио Слободна Европа.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG