Достапни линкови

Арифи - ЕУ да биде креативна за Македонија


Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи и директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија Стефано Санино во Скопје.
Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи и директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија Стефано Санино во Скопје.

Вицепремиерката Теута Арифи очекува креативност од ЕУ за членство на Македонија во Унијата. ЕУ, пак, очекува да се заврши што е можно повеќе работа за да може поскоро Македонија да се интегрира.

ЕУ останува стратегиски приоритет и најзначајна ориентација на Владата, изјави вицепремиерката Теута Арифи по средбата со генералниот директор за проширувањето на ЕУ, Стефано Санино.
Веруваме дека ЕУ ќе продолжи да биде наш силен партнер, и исто така ќе покаже креативност во однос на наоѓање на решение за забрзување на процесот на проширувањето на Европската унија, но и на членството на Република Македонија во ЕУ.
Теута Арифи, вицепремиер за евроинтеграци.

„Веруваме дека ЕУ ќе продолжи да биде наш силен партнер и исто така ќе покаже креативност во однос на наоѓање на решение за забрзување на процесот на проширувањето на Европската унија, но и на членството на Република Македонија во ЕУ“, изјави Арифи.

Ваквата ориентација останува и кај ЕУ, изјави Санино, кој потсети на повторената препорака за отпочнување преговори во последниот извештај на ЕК како и на обврските коишто остануваат за Македонија, да се посвети на потенцираните слабости.

„Ние се надеваме дека во текот на оваа 2012-та година ќе успееме да
завршиме што е можно повеќе работи и да затвориме што е можно повеќе прашања на дневниот ред се со цел да обезбедиме што е можно побрзо пристапување на Република Македонија, целосно интегрирање во Унијата.“

Судството, јавната администрација, борбата против организираниот

Ние се надеваме дека во текот на оваа 2012-та година ќе успееме да завршиме што е можно повеќе работи и да затвориме што е можно повеќе прашања на дневниот ред се со цел да обезбедиме што е можно побрзо пристапување на Република Македонија, целосно интегрирање во Унијата.

Стефано Санино, директор за проширувањето на ЕУ.
криминал и слободата на медиумите се прашања на кои треба да се работи во 2012, рече Санино, со надеж дека годинава Македонија ќе постигне поголем прогрес во однос на евроинтеграциите.

Тој посочи дека заедно со Владата утврдиле акциски план, односно утврдени се приоритетните активности што ќе се спроведуваат во следните неколку недели и месеци , дополнувајќи дека очекува успешна соработка за нивно спроведување.

Во однос на средбите во Њујорк на медијаторот Нимиц со амбасадорите на двете страни, Јолевски и Василакис, Арифи рече дека е добро што преговарачкиот процес ќе заживее и се додека се одвива постои надеж од него да произлезат добри резултати.

На средбата во Владата, освен вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи, присуствуваа и министрите за надворешни, за внатрешни работи, за правда и за транспорт и врски.
XS
SM
MD
LG