Достапни линкови

Законот за млади да го вратиме во собраниска процедура


Зоран Илиоски - Директор на СЕГА
Зоран Илиоски - Директор на СЕГА

Законот за млади е единствениот канал кој што би обезбедил институционално учество на младите и конструктивен дијалог со властите на локално и национално ниво. Зошто да не им дадеме шанса на младите?! Пишува Зоран Илиоски од СЕГА за РСЕ

Коалиција на младински организации СЕГА, овој месец ја покрена иницијативата Законот за млади да го врати во собраниска процедура. И, неверојатно, над 70 невладини организации, 25 средношколски и студенски организации, односно над 400 млади луѓе, од 11-сет општини, се вклучија во јавни дебати, се со цел да го дадат своето придонес, мислење, забелешки и став за тоа „што му недостига на предлог законот за млади“ кој беше повлечен од собраниска процедура со одлука на Владата на Република Македонија!

Каде е проблемот?!

Законот за млади на Република Македонија беше повлечен во октомври 2011, по реакција на граѓански организации кои тогаш тврдеа дека предлог законот е донесен нетранспарентно, без согласност на младите и не ги брани интересите на младите во Р. Македонија. Но, дали постоеше проблем?!
И, тогаш наместо Законот за млади да излези од својата колевка и да почне да го става редот во оваа сфера, повторно младите во Македонија остана без Закон за млади.
Заборавија пратениците, заборави законодавниот дом за младите. Колку некој да сака тоа да го побива, да го политизира и да го опструира, младите во Македонија мора да сфатат дека, без закон кој ќе ги одреди нормите и правилата на младинско организирање нема развој на младинската полтика, нема организирани млади луѓе, нема можност за нивно активно вклучување во опшественото живеење и донесување на одлуки кои се од нивни интерес.


Заборавија пратениците, заборави законодавниот дом за младите. Колку некој да сака тоа да го побива, да го политизира и да го опструира, младите во Македонија мора да сфатат дека, без закон кој ќе ги одреди нормите и правилата на младинско организирање нема развој на младинската полтика, нема организирани млади луѓе, нема можност за нивно активно вклучување во опшественото живеење и донесување на одлуки кои се од нивни интерес.
Законот за млади е единствениот канал кој што би обезбедил институционално учество на младите и ќе доведе до конструктивен дијалог со властите на локално и национално ниво за учество во процесите на донесување одлуките.
Законот за млади е неопходен чекор за подобрување на состојбата на младите во Р. Македонија. Без него оваа сфера - младинското делување ќе остане хаотично. И, додека една група на млади, патејќи од комплексот на лидерство и пренесувајќи неосновани аргументи, опстуирајќи ги јавните дебати се обидува да ги понижи и омаловажи ставовите од 95 невладини организации и над 400 млади луѓе од Макеоднија, се обидува да го бојкотира донесувањето на еден клучен закон за младинско организирање за кој младите од Тетово, Битола, Штип, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Скопје (Кисела вода, Карпош), Неготино, Струмица, потенцираа дека мора да се врати во собраниска процедура.

На јавните дискусии тие побараа измени на предлог законот во делот на финансирањето на младинското организирање, со однапред утврден буџет од општините и државата за функционрање на Советот на млади на локално ниво и Државниот совет на млади на национално ниво, со цел овие органи да не бидат само формално избрани. Општините и државата да бидат обврзани да обезбедат локација/простор за работа на членовите на Советот на младии дражвниот Совет на млади, да се обезбеди правна рамка како младите организирано да делуваат во локалната средина и на национално ниво, младите да имаат можност да го пренесат своето мислење до надлежните институции или министерства во државата. Младите побараа и промена на мандатот на членовите, на советите. Наместо, четири години како што стои во досегашниот предлог на законот за млади, мандатот на членовите да не биде подолг од две години, да се направат разлики помеѓу националните и локалните младински организации во државата, да има родова застапеност во Советите на млади и Државниот Совет на млади, да се примени бадентеровото мнозинство при определување на членовите, политиката да остане надвор од предлог ставовите на младите...

Со цел да се заокружат овие дискусии кои етапно се одвиваа овој месец во 11 општини, на 27-ми Коалицијата на младински организациие СЕГА предвиде и Национална дискусија која ќе се одржи во Скопје, вторник на 27-ми декември 2011, на која се поканети сите релевантни фактори кои ја третираат оваа проблематика вклучувјаќи ги тука пред се институциите, надлежни да ги чујат прелог ставовите на младите за Законот за млади
Вакви или слични закони кои го уредуваат младинското организирање има во Хрватска, Србија, Словачка, Романија, Финска, Шведска и многу други Европски држави.
Со еден збор, со овој Закон се овозможува да биде слушнат гласот на младите и да биде земено во предвид нивнот мислење. Едан поговорка вели „Подобро нешто–отколку ништо!„ Зошто тогаш сите заедно не им дадеме шанса на младите-да го вратиме законот во собраниска процедура!
XS
SM
MD
LG