Достапни линкови

Кумановци добија лизгалиште


Новото лизгалиште во Куманово.
Новото лизгалиште во Куманово.

Изнајмување на лизгалки и лизгање за час и половина е 120 денари, а за организирано рекреаирање на учениците од училиштата обезбедено е бесплатно лизгање секој работен ден по два часа.

Младите кумановци на почетокот на оваа година добија лизгалиште од околу 600 квадратни метри на шеталиштето на градскиот Кеј, на кое ќе можат да се рекреираат наредните два месеци. Овој проект е на локалната самоуправа која во соработка со приватна фирма и Фондацијата за спорт и култура за подршка на рекреативен спорт на млади овозможи младите од Куманово, кои во изминатиот период одеа во Скопје да лизгаат, но и другите за кои овој спорт е предизвик, да ги научат првите чекори на мразот.
Мене ми е полно срцето кога гледам толку деца на мразот. Одиме на тоа во еден момент до 120 деца да лизгаат.
Жељко Танасковиќ од фирмата која ќе менаџира со лизгалиштето.

Изнајмување на лизгалки и лизгање за час и половина е 120 денари, а за организирано рекреаирање на учениците од училиштата обезбедено е бесплатно лизгање секој работен ден по два часа.

Жељко Танасковиќ од фирмата која ќе менаџира со лизгалиштето вели дека има многу почетници во Куманово, поради што во наредниот период ќе се обезбеди и инструктор за обука. И покрај високите температури за овој период од годината лизгалиштето е поставено.
Се надевам на нови ѕвезди на уметничко лизгање и хокеј на Македонија. А може и сојуз да направиме заедно со Скопје и Струмица која има ваква иницијатива.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

„Мене ми е полно срцето кога гледам толку деца на мразот. Одиме на тоа во еден момент до 120 деца да лизгаат“, вели Танасковиќ.

Локалната самоуправа го пронајде партнерот и го монтира лизгалиштето за рекреативно, но и за играње хокеј доколку има интерес за овој спорт.

„Мислам дека направивме добра работа, затоа што ќе овозможиме на младите каде да ги поминуваат зимските денови. Ова е за првпат, но и во наредните години ќе им овозможиме“, вели Трајче Трајковски, директор на локалното јавно претпријатие „Куманово Паркинг“ во чија надлежност е лизгалиштето.

РСЕ: Во времето на суша ќе се отвора базен, а кога е топла зима отвораме лизгалиште. Нели е парадоксално?

„Не можеме против временските прилики. Сепак, има технички можности децата да лизгаат“, вели Трајковски.

Во спортско-рекреативниот комплекс на шеталиштето веќе се во функција тениско игралиште, игралиште за кошарка, мал фудбал и ракомет, во негова близина е спортската сала, а во тек се и активностите за изградба на отворен и затворен базен. Сите овие рекреативни објекти се во непосредна близина на центарот на градот.

Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека освен за рекреација, доколку младите кумановци покажат интерес за овој спорт, во иднина и во текот на целата година ќе биде поставено лизгалиштето.

„Може и доколку има интерес и за уметничко лизгање и хокеј. Се надевам дека граѓаните, ако сакаат да практикуваат овој вид спортување Куманово, лизгалиштето засекогаш ќе го остави тука и се надевам на нови ѕвезди на уметничко лизгање и хокеј на Македонија. А може и сојуз да направиме заедно со Скопје и Струмица која има ваква иницијатива“, вели Дамјановски.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG