Достапни линкови

ЕУ без единствен договор


Европските лидери на самитот во Брисел се откажаа од обидот сите 27 земји членки на Унијата заедно да се договорат со цел да се справат со должничката криза и да го спасат еврото. Се очекува нов европски договор да биде постигнат до март, но само за земјите членки на еврозоната.

Претставниците на Унијата изјавија дека 17-те земји-членки кои го користат еврото ќе се обидат сами да спроведат построги фискални правила за да ја обноват довербата на пазарот и да ја зајакнат европската валута. Тие најавија дека за тоа ќе се обидат да постигнат договор до март 2012. Земјите кои не го користат еврото ќе бидат повикани да му се придружат на новиот договор во случај ако одлучат во иднина да ја користат таа валута.
Херман Ван Ромпуј
Херман Ван Ромпуј

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпеј изјави дека се очекува 6 други земји да му се приклучат на тој договор со што бројот на земјите кои би го потпишале новиот европски договор би изнесувал 23.
Ние сакаме земјите на еврозоната да се ги решат нивните проблеми, но тоа ќе го дозволиме само во рамките на договорите на Европската унија и само ако има заштита на единствениот пазар и на другите клучни британски интереси.
Дејвид Камерон, премиер на Велика Британија.

Велика Британија нема да биде дел од договорот а Унгарија, Чешка и Шведска ќе се конслутираат со своите парламенти.

Имено британскиот премиер Дејвид Камерон се закани со вето на каков било нов договор доколку тој е спротивен на британските интереси како светски финансиски центар и земја која не е членка на еврозоната.

„Ние сакаме земјите на еврозоната да се ги решат нивните проблеми, но тоа ќе го дозволиме само во рамките на договорите на Европската унија и само ако има заштита на единствениот пазар и на другите клучни британски интереси. Ако нема такви заштити, тогаш подобро е да нема договор во рамките на Унијата, а тие земји сами, одвоено да си постигнат договор.“
Дејвив Камерун
Дејвив Камерун

Францускиот претседател Никола Саркози изјави дека тој би преферирал сите членки на ЕУ да бидат дел од новиот европски договор, но дека Британија барала исклучоци од одредени финансиски регулации кои не се прифатливи.
Саркози очекува договорот да биде потпишан до март.
Нема да има финално решение овој месец. Нема да има финално решение следниот месец, но може да има прогрес.
Никола Верон, економист од бриселскиот тинк–тенк институт Бругел.

Никола Верон, економист од бриселскиот тинк–тенк институт Бругел предупреди дека брзо решение не е можно.

„Нема да има финално решение овој месец. Нема да има финално решение следниот месец, но може да има прогрес.“

Според јавувањата од Брисел, постои стравување од можни поделби во ЕУ доколку постојат два европски договори внатре во блокот. Според некои агенции како Асошиетед Прес, неуспехот за единствен договор е последица на длабоките поделби во ЕУ, односно меѓу Франција и Германија од една страна и Велика Британија од друга страна.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG