Достапни линкови

На ред Франција и Саркози


Никола Саркози и Барак Обама на самитот Г-20 во Кан.
Никола Саркози и Барак Обама на самитот Г-20 во Кан.

Со понижувачкиот пораз на шпанските социјалисти на неделните избори, двегодишната евро-криза веќе собори неколку влади, се наведува во анализата објавено во Њујорк тајмс во која се додава дека тоа предизвика бранови на страхување до Елисејската палата, па дури и до Белата куќа.

Главната изборна тема е незадоволството на гласачите со штедењето и несигурноста кој ќе владее. Но, под притисок на пазарите и по барањата на Германија, за која се вели дека и де факто е финансискиот лидер на Европа, новите влади главно го ветуваат истото. Ирска, Португалија, Грција, Италија, Финска, Данска и Словачка веќе ги сменија нивните влади дали преку избори или парламентрани маневри.
Никола Саркози, Ангела Меркел, Барак Обама и Дејвид Камерон
Никола Саркози, Ангела Меркел, Барак Обама и Дејвид Камерон

На ред се страхувањата на Никола Саркози, претседателот на Франција кој се соочува со рекордни камати на францускиот долг, со намален економски пораст и со претседателски избори во идниот април. Опасноста од намалување на кредитниот рејтинг го ослабува Саркози, односно неговите напори да остане рамноправен партнер во француско германската двојка која ги предводи потезите за решавање на кризата во еврозоната.

Засега проблемот е во стагнацијата и во пазарната доверба. Општо, пазарите сакаат да видат дека Европа, а посебно Германија стојат зад солвентноста на Италија. Германија сака да најде начин да го стори тоа, но не и дополнително да ги оптовари нејзините даночни обврзници од она што го даваат оние во Италија, Шпанија, Португалија и Грција.

Секој чека Германија да претстави краткорочно решение, но досега таа само презентира среднорочни решенија. Можам да сфатам дека постои голема разочараност од ваков тип лидерство.

Германското несогласување со нејзините партнери има две нивоа, едното е итно, а другото долгорочно. Првото е како да се искористи Европската централна банка во стабилизирањето на кризата, а второто е како да се преструктуира еврозоната, а со тоа и Европската унија, во иднина.

„Секој чека Германија да претстави краткорочно решение, но досега таа само презентира среднорочни решенија“, вели Хенрик Ендерлејн професор по политичка економија во Берлин, додавајќи: „Можам да сфатам дека постои голема разочараност со ваков тип на лидерство“.

Засега има многу играчи со многу сугестии. Најновата е на Европската комисија и нејзиниот претседател Жозе Мануел Баросо кој е тргнат настрана од кризата. Тој бара европска солидарност и наоѓање начин да се направи колективна стабилизирачка обврзница.

Но, и Франција, и Германија се противат на таква еврообврзница се додека членките на еврозоната поцврсто не се поврзат, за што пак се неопходни уште многу години.

Перспективата за еврозоната со сопствени правила и внатрешни обврски, од друга страна ги налути 10-те земји кои се надвор од зоната. Особено анкциозна е Британија, која е под водство на конзервативците кои традиционално се против европското интегрирање. Британија отсекогаш беше претпазлива во врска со предавањето на фискалниот суверенитет на Брисел, нешто на што сега особено инсистираат Берлин и Париз, се наведува во анализата објавена во Њујорк тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG