Достапни линкови

Боите на Македонија на дигитален начин


Фотографии на фотографот Владимир Арсовски.
Фотографии на фотографот Владимир Арсовски.

Бои е насловена изложбата на фотографии на Владимир Арсовски што до 10 декември се одржува во Културно информативниот центар во Скопје. Поставката ја сочинуваат 25 фотографии со мотиви од македонскиот предел.

Владимир Арсовски е дипломиран електроинженер по информатика и фотографија. Член е на фотоклубот ЕЛЕМА од Скопје и на Фотосојузот на Република Македонија, каде што им држи фотографски курсеви на младите автори и вљубениците во оваа професија.
Приказната е за боите во Македонија, меѓутоа раскажано на еден дигитален начин.
Владимир Арсовски, фотограф.

Тој досега реализирал две самостојни изложби, а учествувал на голем број групни постановки во земјава и во странство на кои повеќепати бил наградуван. Автор е на над 700 фотографии во мултимедијалната монографија Величенствена Македонија 2009, која доби три високи меѓународни признанија во Италија и во Хрватска.

Згора на тоа неговите фотографии се употребени во многу интернационални публикации, а во рамките на својата актуелна поставка Бои Ангеловски на публиката и нуди 25 дела со мотиви од преубавиот македонскиот предел.

„Приказната е за боите во Македонија меѓутоа раскажано на еден дигитален начин. Значи ова се дигитални фотографии, дигитални принтови. Поставката оди така што одиме од најсветлата луминација према најтемната што можеме во моментот да ја регистрираме со дигитален фотоапарат.“

Тој дополнува дека Македонија како мотив во своите дела ја работи цели 10 години и дека за него таа претставува трајна инспирација.
Македонија е една ризница што само треба да се бара да се чека во разни временски услови, во разни климатски и светлосни услови, да се доловат моментите од Макеоднија што ајде да кажеме обичните луѓе веројатно не ги гледаат.
Владимир Арсовски, фотограф.


„Македонија е една ризница што само треба да се бара да се чека во разни временски услови, во разни климатски и светлосни услови, да се доловат моментите од Макеоднија што ајде да кажеме обичните луѓе веројатно не ги гледаат.“

Арсовски на вљубениците во оваа уметност им е познат како автор на пејсажна и на акт фотографија, а за разликите во пристапот кон овие две теми знае да забележи дека:

„Со луѓе е секогаш потешко работењето дефинитивно. Но со тоа што со луѓе можете да влијаете многу со сугестии на моделот, со се, и ако идејата е во глава, тогаш реализиацијата е ОК, не е проблем да се изведе.“

Уметникот истакнува дека и кај нас фотографијата зема се поголем замав со оглед на поедноставениот процес на обработка и со поевтинувањето на некогаш многу скапата опрема.

„Во клубовите гледам се повеќе млади луѓе, фотографските изложби се се повеќе посетени, за жал кај нас ги нема многу, меѓутоа тие што ги има, барем она што јас сум го видел се страшно многу посетени и тоа исклучиво и најмногу од млади луѓе, што лично ме радува.“

Кон ова само уште информацијата дека Владимир Арсовски планира изложбата Бои да им ја претстави и на вљубениците на фотографијата во останатите градови од земјава и дека подготвува поголем и навистина интересен проект за кој, како што вели, ќе говори во предвечерието на неговото обистинување.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG