Достапни линкови

Меѓуетничките односи - „играчка“ во рацете на партиите


Политичките парти се залагаат за подобрување на меѓуетничките односи. Тие од опозицијата велат дека сепак во рацете на власта е одговорноста за состојбите во државата. Од владеjачката партија нема одговор, што прават тие за смирување на меѓуетничките тензии.

Политичките партии се обидуваат да ја релативизираат вината за подгревањето на меѓуетничките тензии во државава. Опозицијата смета дека одговорноста за состојбите на терен треба да ја понесат актуелните власти, а не опозициските партии. СДСМ е партија која секогаш се залагала за мирен соживот, вели Андреј Петров од оваа партија.
Oдговорноста за севкупните односи во државата ја има оној што ја води државата, и соема е инверзна теза дека треба опозицијата треба да оди на терен и да ги смирува меѓуетничките односи.
Андреј Петров,СДСМ.

„Значи одговорноста за севкупните односи во државата ја има оној што ја води државата, и соема е инверзна теза дека треба опозицијата треба да оди на терен и да ги смирува меѓуетничките односи. Социјалдемократскиот сојуз е партија која од секогаш водела сметка за добри меѓуетнички односи, за доброто живеење на луѓето.“

Од владејачката партија не успеавме да добиеме одговор на прашањето дали и што прават на терен за да ги смираат меѓуетничките тензии. Демократската партија на Албанците ја обвинува владејачката ДУИ за ваквите инциденти.​
Полициска опсада на Кале, по инцидентите во февруари
Полициска опсада на Кале, по инцидентите во февруари

На терен работиме во насока на смирување на тензиите, а не на нивно подгревање, вели пратеникот Зијадин Села од ДПА.

„Можеби некои експерти мислат дека партиите ги искористуваат овие работи за политичко профитерство, но тоа не е вистина. ДПА ќе дојде на власт, со нормален демократски процес.“

Можеби некои експерти мислат дека партиите ги искористуваат овие работи за политичко профитерство, но тоа не е вистина. ДПА ќе дојде на власт, со нормален демократски процес.
Зијадин Села, ДПА.
Според поранешниот пратеник, аналитичарот Исмет Рамадани меѓуетничките односи во земјава се одраз на општото расположение и економско-социјалната ситуација во државава. Доколку политичкото раководство не преземе мерки, а земјава се повеќе се оддалечува од евроатланскиот пат, состојбата би можела да се влоши, предупредува Рамадани.

„Кога нема нормала комуникација помеѓу власта и опозицијата, нема институционална комуникација, тогаш состојбата е напната и тензична во Република Македонија. Ако не направиме нешто повеќе во однос на евроатланските интеграции, вакви ситуации за жал ќе имаме се почесто.“

Експертите потенцираат дека зад меѓуетничките тензии вообичаено стојат партиите и оти тие се разгоруваат тогаш кога вниманието на јавноста треба да се сврти од други актуелни проблеми.

Покрај палењето знамиња, извикувањето навреди и пцости на натпревари, тензиите не стивнуваат. Пред неколку дека советниците на општина Тетово се скараа оти нивните албански колеги одбиле да се расправа за графитите на голема Албанија во градот, а Македонците од битолското село Лажец го блокираа патот во знак на револт дека на сред село ќе почне да се гради џамија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG