Достапни линкови

Политиката подгрева меѓуетнички тензии


Од случувањата на скопското Кале.
Од случувањата на скопското Кале.

Меѓуетнички тензии не се случуваат сами од себе. Зад нив се секогаш политичките субјекти.

Меѓуетничките односи се најкревката нишка во земјата и со тоа секогаш се погодни политичките партии да се фатат за тоа и да предизвикаат тензии, велат дел од експертите. Палењето знамиња, извикувањето навредливи пароли, цртање на карти на Голема Албанија, се само дел од последните случувања кои ги подгреаа меѓуетнички тензии.
Владата и провладините медиуми упорно форсираат намерни меѓуетнички конфликти дали е тоа преку медиумите повторување итн, среќа голема што е мал бројот на луѓето кои гледаат на интернет бидејќи ако она што ние имаме можност на youtube да го видиме, ако го гледаат 80% од граѓаните ние овие денови ќе имавме можеби и војна.
Владо Димовски, Центар за меѓуетничка толеранција.

И десет години по конфликтот во 2001-та, меѓуетничките односи не се ни на средно ново, а камоли на некое повисоко, вели Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција.

„И секогаш кога треба да се сврти вниманието на некои покрупни теми онаму каде што нема да успее владата, каде што нема да успеат политичките партии и онаму каде што не ни сакаат да успеат, тогаш намерно провоцираат одредени конфликти.“

Димовски вели дека тие соработуваат со 22 мешани села и секојдневните извештаи што ги добиваат од таму покажуваат дека меѓуетничките тензии никогаш не се предивикани сами од себе, тука секогаш за нив стои некоја партија, било од власта или од опозицијата.

Меѓуетничките тензи се проектиран модел на Владата, која во „тешки“ моменти, се свртува кон дежурниот виновник, вели професор Алајдин Демири.
Снимка од палењето на македонското знаме што се појави на youtube.
Снимка од палењето на македонското знаме што се појави на youtube.

„Ова тешко време што доаѓа со евроинтеграциите и со кризата која се најавува мислам дека тука е основниот проблем и тука се оние делови на владата кои делуваат за да ја потпалат ситуацијата, да го свртат вниманието, а сето тоа е опасно затоа што цело време се бара еден единствен виновник.“

Медиумите деновивие пренесоа видео снимка, која беше закачена на youtube, на која се гледа како гори македонското знаме и се слушаат навредливи пароли.
Ова тешко време што доаѓа со евроинтеграциите и со кризата која се најавува мислам дека тука е основниот проблем.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Палењето на национални знамиња, генерално го осудија и политичките партии.

Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција вели дека е „среќа“ тоа што, поголем дел од луѓето, немаат можност да видат се што се објавува на интернет, а што ги тангира тие меѓуетнички односи.

„Владата и провладините медиуми упорно форсираат намерни меѓуетнички конфликти дали е тоа преку медиумите повторување итн, среќа голема што е мал бројот на луѓето кои гледаат на интернет бидејќи ако она што ние имаме можност на youtube да го видиме, ако го гледаат 80% од граѓаните ние овие денови ќе имавме можеби и војна.“

Работите што се случуваат се реални, не се имагинарни, вели професор Демири.

„Меѓутоа нереално е тоа што сите влади и сите политички партии немаат сериозен пристап, немаат концепт за решавање на овие проблеми.”

Подгревањето на меѓуетничките тензии, никогаш не излегува на арно, барем досега се покажало така, велат експертите, но загрижува тоа што властите никако да извлечат поука од тоа.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG