Достапни линкови

Соработка на здруженијата на лица со интелектуална попреченост


Првата заедничка средба и работилница Здружението „Порака“ од Куманово и „Шанс“ од Разлов, Република Бугарија ја оддржаа во Куманово
Првата заедничка средба и работилница Здружението „Порака“ од Куманово и „Шанс“ од Разлов, Република Бугарија ја оддржаа во Куманово

Здруженијата на лицата со интелектуална попреченост од Куманово и од благоевградската област во соседна Бугарија со прекугранична соработка до европските фондови.

Подобрување на состојбата на лицата со интелектуална попреченост во Североисточниот регион и во благоевградската област во Република Бугарија е целта на истражувањата и реализација на проектите до мај идната година за добивање помош од фондовите на Европската Унија. Првата заедничка средба и работилница Здружението „Порака“ од Куманово и „Шанс“ од Разлов, Република Бугарија ја оддржаа во Куманово. Во дводневната активност на која биле повикани не само невладините здруженија, туку и сите надлежни државни и локални институции влева надеж за подобрување на тешката состојба на овие лица и нивните семејства.
Теми има многу, а во иднина сите надлежни ќе соработуваат за обезбедување средства од ИПА фондовите на ЕУ за подобрување на положбата на лицата со интелектуална попреченост и во Република Македонија и во Република Бугарија.
Благица Димитровска од Здружението „Порака“


„Во проектот се вклучени и државните и локалните институции, невладините здруженија и оние финансирани од државата, фондовите за здравство, локалните власти. Ова е само почеток на реализацијата на проектот кој ќе заврши до мај 2012-та година. Теми има многу, а во иднина сите надлежни ќе соработуваат за обезбедување средства од ИПА фондовите на ЕУ за подобрување на положбата на лицата со интелектуална попреченост и во Република Македонија и во Република Бугарија“,вели Благица Димитровска од Здружението „Порака“ од Куманово и додава дека во двомесечното истражување во Североисточниот регион биле вклучени:

„И лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, како и обемот на социјалните услуги кои им се нудат во невладини и државни организации. Сите што постојат.“

Лидија Панова од Здружението „Шанс“ од Разлов,благоевградската област во Република Бугарија вели дека е:

„Претставен моделот на социјалните услуги во двете земји, како и спецификите на социјалните услуги и законите.“

На овој начин се работи на проучување на состојбите од двете страни на границата и размена на искуства.

Инаку во Куманово неколку години функционира Дневен центар во кој пет дена во неделата престојуваат лицата со интелектуална попреченост над 18-годишна возраст. Со нив работат стручни лица, педагог, психолог, социјален работник, кои забележуваат дека има напредок во релативно осамостојување на овие лица кои се оспособуваат колку-толку да си ги извршуваат своите лични потреби. Поголемиот дел од нив успешно се вклучуваат и во извршување на други активности како што е подготвување храна, но и покренување на креативните способности,сликање,цртање,вајање и друго. Дневниот центар „Порака“ е сместен во монтажен објект кој за овие лица го отстапи локалната самоуправа на Куманово, која на повеќе начини им помага, а помош добиваат и од невладините организации, политички партии и хумани донатори.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG