Достапни линкови

Ваши коментари


Интервјуто со европратеникот Јелко Кацин како и прилогот со наслов „Македониум за одвлекување на вниманието?“, најкоментирани текстови од нашите слушатели.

Најкоментиран текст во изминатата недела, почитувани, е интервјуто со европратеникот Јелко Кацин. Простете за искреноста, но понекогаш изненадува остриот јазик на некои слушатели кога во својот ограничен став не можат да прифатат дека некој друг може да има и поразлично мислење од нив. Влатко од Скопје смета дека стандардите за човекови права во земјава се повисоки од оние во земјите на Унијата и го напаѓа цинизмот со кој, според него, Кацин зборува за состојбите во државава.
Евро-пратеникот Јелко Кацин.
Евро-пратеникот Јелко Кацин.

Јордан од Скопје им препорачува на оние од Унијата малку да се сределе па потоа да разговарале со нас, а слушател потпишан со група од 11 букви кои, мислам, ги внесувал без да размислува на тастатурата, а ќе одземат многу време да ги повторам, пишува дека Кацин настапува строго опозиционерски, брутално антивладино и безобѕирно антимакедонски и дури го прави националист.
Еден ден кога ќе разберете што ви направи оваа Влада за вас ќе биде доцна, чеда мои. Тие патриотски си ги полнат џебовите, патриотски ве задолжуваат во странски банки, а после патриотски ќе се смеат кога ќе се сончаат, кога вие ќе немате леб да јадете!
Коментар од читател.

Лазо од Штип, коментирајќи ги повеќе пораките од слушателите, реално забележува и се чуди како дури и Србите сфатиле дека Европа и светот не им се непријатели, и дека не се небески народ, само ние, кутрите, пишува, мислиме дека сме почетокот и крајот на светот и дека цел свет не' мрази, а дека ние сме во право. Завртете се околу вас, порачува Лазо, видете каде се другите, а каде сме ние, па ќе ви стане јасно.

Слушател потпишан како Господ вели: „Еден ден кога ќе разберете што ви направи оваа Влада за вас ќе биде доцна, чеда мои. Тие патриотски си ги полнат џебовите, патриотски ве задолжуваат во странски банки, а после патриотски ќе се смеат кога ќе се сончаат, кога вие ќе немате леб да јадете!“

Дрва и камења по Радио Слободна Европа истураат слушателите во своите коментари и по вториот најкоментиран текст од нашата редакција со наслов: „Македониум за одвлекување вниманието?“, при што оние што се јавиле со своите пораки како текстот да го читале онака како што сакаат тие. Меѓу нив заслужува внимание пораката од Стеван Трајкоски кој смета дека одлична можност да се избие национализмот како адут на Владата е во декември Унијата да ни даде датум за преговори, а во следниот извештај да ја употребуваат придавката „македонски“. Така, вели со цинична иронија, ќе ја стават Владата во тесно.

А како разбивање на монотонијата од политиката, ви го пренесуваме коментарот од Селанец од Кичевско по нашата информација дека жителите на Вранештица мака мачат со водоснабдувањето: поради погрешна инсталација, тие се уште немаат вода во домовите: Селанецот ги обвинува и претходниот и сегашниот градоначалник, но и селаните кои си ги полеваат бавчите, а не сакаат да постават водомери и да плаќаат за потрошената вода.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG