Достапни линкови

Владата готви Закон за Медиуми


На нов закон за медиуми ќе работи владата од наредниот месец. Премиерот Никола Груевски им ветил на претставниците на меѓународните медиумски здруженија за време на денешната средба дека во изработката на новиот закон ќе бидат вклучени јавноста, невладините организации и медиумските здруженија.

Преставниците по разговорот со премиерот велат дека се охрабрени од напорите на владата на зедничка маса да седне со членовите на медиумите и на меѓународната заедница, но дека останува загриженоста за слободата на изразувањето во Македонија.

Пола Шрифер од Фридам Хаус која говореше во името на сите здруженија рече дека на премиерот му ги презентирале забелешките на кои ќе треба владата да се фокусира. Тие го покренале прашањето на големиот број на тужби против новинарите, кој е диспропорционален со големината на земјата и бројката на медиумите.

„Ова е многу важно прашање, кое има негативен ефект врз способноста на новинарите да ја вршат својата улога во општеството. Владата ни вети дека ќе го разгледа прашањето дали да ја декриминализира клеветата и навредата“,

вели Шрифер.

Забелешките се однесувале и на реорганизација на Советот за радиодифузија, која била спроведена за брзо време и без консултации со што го покренува сомнежот за негова политизација.




„Во натамошниот период ќе се види дали одлуките кои ќе ги донесе советот се однесуваат врз основа на принципите на владеење на правото или врз политичките принципи“,

вели Шрифер.

Претставниците се задржале и на бројот на реклами на владата во медиумите и сумата на пари која се издвојува за таа цел, која според нив прави дисторзија на пазарот и е нездрава.

„Ние препорачуваме владата да пронајде нови начини за пренесување на нејзината порака во јавноста, како за кампањите за едукација или за привлекување на инвестиции или турсти во Макеоднија“,

вели Шрифер.

Спорна за нив е и перцепцијата во општеството за селективноста на законите и имале дискусија за случајот со А1 телевизија.

„Има легитимност во прашањето за плаќањето данок на сопствеништвото, но изгледа и во други случаи има прекршување на законот и можеби само овој е издвоен, бидејќи телевизијата беше критички настроена кон власта“,

вели Шрифер.

Сепак преставниците не добиле конкретно ветување кога ќе се решат прашањата, но започната е дебата во владата и главниот придонес на нивната мисија е да ги лоцираат проблемите и да понудат решение.

Освен Фридом Хаус имаше преставници и од Меѓународниот институт за медиуми од Австрија, Југосточна мрежа за професионализација на медиумите, Институт отворено општество за медиуми од Лондон и други...
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG