Достапни линкови

Моамер Гадафи е мртов


Силите на новите либијски власти соопштија дека денеска во градот Сирт бил убиен Моамер Гадафи.

Либискиот привремен премиер Махуд Џибрил изјави дека Моамер Гадафи денеска е убиен од либиските борци и дека ова е историски ден за Либија што народот го чекал многу време. Поранешниот либијски лидер Моамер Гадафи е убиен во борбите во градот Сирт.
Знаеме со сигурност дека Сирт е ослободен и ова е голем ден за либијскиот народ.
Махмуд Шаман, портпарол на Националниот преоден совет.

Си-Ен-Ен објави аматерско видео на кое се гледа како неговото тело го изнесуваат од автомобил. Портпаролот на Националниот преоден совет Махмуд Шаман изјави дека телото на Гадафи е пренесено во Мисрата. Во меѓувреме, Националниот преоден совет соопшти дека во Сирт е пронајдено и телото на еден од синовите на Гадафи.

Претходно, силите на Националниот преоден Совет на Либија соопштија дека денеска го заробиле Моамер Гадафи во последното упориште на неговите приврзаници, градот Сирт.

Имено, Гадафи се обидувал да побегне од Сирт со конвој возила, кој бил нападнат и од авиони на НАТО, а по жестоките борби тој бил ранет и потоа им подлегнал на повредите.


Шаман го опиша ова како голем ден за народот.

„Знаеме со сигурност дека Сирт е ослободен и ова е голем ден за либијскиот народ.“

Во повеќе градови во Либија веднаш започнаа славења низ улиците. Американскиот Стејт Департмент се уште не ја потврди информацијата за смртта на Гадафи.

Додека пристигнуваат потврди од либиските власти за смртта на Гадафи, една либијска телевизија со прогадафи оријентација, пак, тврди дека Гадафи не е упасен и оти таквите шпекулации биле неосновани.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG