Достапни линкови

Либија по Гадафи се соочува со неизвесност


Либија е во состојба на еуфорија откако бунтовничките сили, по неколкумесечни борби, влегоа во засолништето на полковник Мoамер Гадафи во Триполи. Тој изјави дека напуштањето на неговото засолниште бил тактички потег и вети победа во борбата против НАТО кој и помага на опозицијата.

Либијците излегоа на улиците на Триполи да го прослават паѓањето на упориштето на Мoамер Гадафи со што бунтовниците ја зацврстија контролата врз главниот град.
Сите племиња во Триполи, млади, стари, жени, мажи и вооружени комитети мора да го нападнат Триполи и да ги истераат предавниците и стаорците.

Но, Гадафи останува во игра и најавува месеци и години на отпор против бунтовниците и НАТО. Тој порачува:

„Сите племиња во Триполи, млади, стари, жени, мажи и вооружени комитети мора да го нападнат Триполи и да ги истераат предавниците и стаорците.“

Опозицискиот Национален преоден совет соопшти дека во наредниве денови од Бенгази ќе се пресели во Триполи.

Меѓутоа, по еуфоријата секогаш доаѓа постреволуционерен мамурлак. Последната страница од паѓањето на уште еден тиранин се затвора, но по Гадафи, либијската опозиција треба да знае дека следува политичко отрезнување.


И покрај, или можеби токму поради улогата на НАТО, бунтовничкиот преоден совет нема илузии за скептицизмот на Запад во врска со неговата способност да владее.

Иако Советот е признат од триесетина земји како легитимен претставник на Либија, останува целосно поделен по убиството на еден од бунтовничките команданти Абдул Фатах Јунис.

Дури опозицијата и да се обедини, колку јасна може да биде иднината за демократијата во земјата каде што 42 годишното владеење на Гадафи дојде до точката каде што виртуално тој беше самата држава?
Секако, доколку ситуацијата се влоши и доколку настапи анархија, некои ќе бараат да бидат раководени од племињата, но лично тоа не го предвидувам. Верувам дека Либијците ќе ги поддржат принципите на Преодниот совет.


„Со нетрпение очекуваме да изградиме демократска земја. Ќе имаме устав. Ќе имаме слобода во секој дел на државата“, вели Махмуд Накуа, вршител на должноста либијски амбасадор во Британија.

Тој ветува дека ќе нема вакуум во транзицијата. Тоа го очекува и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

„НАТО е подготвен да работи со либискиот народ и со Преодниот совет кој има голема одговорност. Тие мора да обезбедат непречена транзиција со цел земјата да остане обединета и во која ќе се почитуваат човековите права.“


Многу скептицизам за иднината на Либија по Гадафи доаѓа од племенската поделеност, во која некои гледаат тешкотии за транзицијата во модерна и унифицирана дражава.

Со тоа не се согласува поранешниот британски амбасадор во Либија Ричард Далтон кој сепак вели:

„Секако, доколку ситуацијата се влоши и доколку настапи анархија, некои ќе бараат да бидат раководени од племињата, но лично тоа не го предвидувам. Верувам дека Либијците ќе ги поддржат принципите на Преодниот совет.“

Тие принципи Советот ги постави минатата недела во привремен Устав и во него Либија се дефинира како независна држава каде што народот е извор на власта и каде што државна религија е Исламот, а шеријатското право основа за законите во земјата. Во документот се призаваат и правата на берберското малцинство.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG