Достапни линкови

Квалитетни закони за квалитетен живот


Илустрација.
Илустрација.

Квалитетни закони се предуслов за економски развој, а со тоа и поквалитетен живот на граѓаните - заклучок од конференцијата за подобрување на законската регулатива.

Подобрувањето на законската регулатива е континуиран процес кој претставува предизвик за сите влади во светот. Токму тоа е темата на конференцијата на која учествуваат претставници на ОБСЕ, на владата и меѓународни експерти. Во овогодинешниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија во однос на демократијата и владеењето на правото е наведено дека мора да биде зајакнат политичкиот дијалог, како и квалитетот на судскиот систем, да се зголеми поттикот во процесот на децентрализација, а јавната администрација да биде транспарентна, професионала и независна.
Ни требаат соодветни и квалитетни закони кои се добро спроведени за да се подобри не само економската состојба на земјата, туку и да се подобри квалитетот на животот на сите луѓе.
Ралф Брет, шеф на мисијата на ОБСЕ.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Ралф Брет, вели дека целта на конференцијата е да ги зајакне и зголеми заложбите на владата за подобрување на процесот на изработка на законите и однапред да го обезбеди квалитетот на нивната имплементација.

„Ни требаат соодветни и квалитетни закони кои се добро спроведени за да се подобри не само економската состојба на земјата, туку и да се подобри квалитетот на животот на сите луѓе. Во однос на тоа политиката за подобра регулатива треба да се соочи со целиот процес на донесување на законите од креирањето, подготовката, па се до нивната имплеметацијата и ефект.“
Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет.
Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет.

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска вели дека квалитетните и транспарентни регулативи се значајна цел на владите кои се стремат кон конкурентна економија, одржлив општествен развој и висок животен стандард на граѓаните.

„Солидно законодавство придонесува за подобрување на бизнис климата, конкурентноста, инвестициите и креирањето на нови работни места. Согласно ова ние мора да се осигураме дека македонските закони и регулативи се соодветно подготвени и целосно одговораат на потребите на граѓаните.“
Солидно законодавство придонесува за подобрување на бизнис климата, конкурентноста, инвестициите и креирањето на нови работни места.
Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација.

Брет додава дека предизвикот на сите земји е да го најдат вистинскиот баланс меѓу квалитетот и квантитетот на законите.

„Транспарентноста и учеството на јавноста и учеството на сите засегнати страни е клучно за да се осигура подобар квалитет, широко прифаќање и усогласеност, како и поефективна имплементација на законите. Консолидација и слободен пристап до законите, како и нивниот мониторинг и евалуација исто така имаат централа улога за подобра регулатива.“

Заклучоците и препораките од конференцијата ќе бидат земени во предвид во преземањето на следните чекори во процестот на подготовката на закони.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG