Достапни линкови

Останатите ги прифаќаат забелешките


Додека Груевски смета дека забелешките во извештајот на ЕК се пренагласени, во секторите на кои тие им беа упатени, ги прифаќаат и велат дека ќе работат на истите.

Слабости во судството, јавната администрација, загрижувачка состојба во медиумите, борба против корупцијата. И оваа година, овие сектори беа посочени како области во кои треба повеќе да се работи. Повиканите на забелешките гледаат како патоказ за натамошна работа.
Врз основа на забелешките кои се дадени во извештајот ние сето тоа ќе го преточиме во тие две државни програми кои се однесуваат на периодот 2011-2015 година.
Воислав Зафировски, Претседател на Државната комисија за спречување корупција.

Претседателот на Државната комисија за спречување корупција, Воислав Зафировски, вели дека комисијата работи на креирање на програми за спречување на корупцијата и намалување на судирот на интереси.

„За прв пат пристапуваме секторски да работиме во креирањето на државните програми за превенција и репресија на корупцијата и врз основа на забелешките кои се дадени во извештајот ние сето тоа ќе го преточиме во тие две државни програми кои се однесуваат на периодот 2011-2015 година“, изјави Зафировски.

Минисерот за правда, Блерим Беџети, вчера призна дека судството е слабо и ги нема основните атрибути на независност, ефикасност, стучност и одговорност. Правосудниот систем во државата се уште има слабости на кои треба континуирано да се работи и доследно да се применуваат законите, рече Беџети.

„Ќе работиме и ќе се подобри.“
Ќе работиме и ќе се подобри.
Блерим Беџети, министер за правда.

Состојбата во медиумите неколкупати досега беше посочувана како критична. Формирањето на работна група од новинари и претставници на владата, како иницијатива на вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи, е чекор напред кон подобрување на дијалогот меѓу Владата и медиумите. Првиот човек на Здружението на новинари, Насер Селмани, вели дека во иднина ќе се работи на спроведување на заклучоците кои беа донесени на тркалезната маса посветена на медиумите.

„Ние подготвуваме еден акциски план, ќе го усогласиме со владата и веќе на следната средба ќе разговараме за конкретна тема.“

На веб-страницата за реформа на јавната администрација пишува дека
Ние подготвуваме еден акциски план, ќе го усогласиме со владата и веќе на следната средба ќе разговараме за конкретна тема.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

нивна визија е изградба на модерна, професионална, деполитизирана, ефикасна одговорна администрација, способна да го понесе товарот на интеграција во Европската унија на Република Македонија.

Сепак, јавната администрација и натаму останува критична област. Забелешките за поефикасно спроведување на реформите во таа област беа нотирани и во овогодинашниот извештај. Реформите во оваа област преку разни проекти ги поддржаа британската и француската амбасада. Министерот за информатичко општество Иво Ивановски неодамна изјави дека ефикасноста на администрацијата ќе биде се повеќе забележана од граѓаните со воведувањето на новите информатички технологии.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG