Достапни линкови

Дефинитивен крај на пописот


Остри критики од опозицијата за неуспешниот попис. По одлуката на Владата, во парламентот донесен предлог-закон за престанување на важење на Законот за попис.

Пратениците од опозицијата упатија остри критики кон владата поради одложувањето на пописот и го поставија прашањето дали Македонија е зрела да стане членка на ЕУ. Не само што власта ги изневери очекувањата дека може да ги исполни стандардите за спроведување попис на ЕУРОСТАТ која е европска агенција за статистика, туку покажува дека не исполнува ниту услови за државотворност, изјави Зоран Заев од
Жално е што една статистичка операција која што е темел на многу идни процеси во секоја држава, така и во Македонија, кај нас е неуспешно завршена.
Зоран Заев, СДСМ.

Социјалдемократскиот Сојуз.

Владата најмногу е цел на критики поради потрошените 14 милиони евра на пописот кој пропадна:

„Жално е што една статистичка операција која што е темел на многу идни процеси во секоја држава, така и во Македонија, кај нас е неуспешно завршена. Законот е јасен, меѓународните стандарди се повеќе од јасни, ова е законско решение. Што ако некој утре каже, мене не ми се допаѓа законот за додадена вредност.“

Дали на владата воопшто и е грижа, праша Стојан Андов од ЛП, кој има искуство како поранешен претседател на Собранието. Потсетувајќи дека спроведувањето на пописот се изведува по стандарди на Обединетите нации, тој изрази сомневање дека властите го занемариле тоа прашање поради политичко мешање во пописот:


„Веројатно има други поголеми грижи отколку евентуалните реакции од ЕУРОСТАТ. Политички тоа е одраз на длабока недоверба помеѓу партнерите во владата. Ако попис не може една држава да изведе кога е мир, нема војна, тогаш тоа е многу лош знак, било да се работи за неподготвеноста, кадри за да го изведат, било да се работи за политички упад во една чисто статистичка операција.“
Политички тоа е одраз на длабока недоверба помеѓу партнерите во владата. Ако попис не може една држава да изведе кога е мир, нема војна, тогаш тоа е многу лош знак.
Стојан Андов, Либерална партија.

Лилјана Поповска од ДОМ, коалицски партнер во власта, потсети дека земјава претходно спроведе избори признаени од сите фактори. Според нејзините зборови, и во овој случај не станувало збор за неможност да се исполнат стандардите, туку нагласи дека не треба да се занемаруваат некои рецидиви од минатите времиња:

„Во Македонија за жал се уште имаме рецидиви од некои минати тензични времиња кои во вакви ситуации како што беше пописот предизвикуваат проблеми во одредени средини. Затоа е добро да се направат предуслови коишто ќе овозможат попис кој ќе биде реален и според високите европски стандарди.“

На денешната расправа, по скратена постапка во парламентот и претходеше донесувањето предлог-закон за престанување на важење на Законот за попис на синоќешната владина седница. Владата ја донесе одлуката по колективната оставка на Државната изборна комисија која наведе дека не постојат услови за одржување на пописот поради неможноста членовите на Комисијата да се усогласат за методологијата за спроведување на пописот.

Албанските членови на Комисијата бараа да се попишуваат и жителите кои повеќе од 12 месеци се надвор од земјата, а според законот, може да се попишуваат само оние што ја напуштиле земјата во рок помалку од една година.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG