Достапни линкови

Повик за послушност или обединување


„Ајде сите да се обединиме“ беа зборовите на премиерот Никола Груевски во обраќањето на прославата по повод Денот на независноста.
„Ајде сите да се обединиме“ беа зборовите на премиерот Никола Груевски во обраќањето на прославата по повод Денот на независноста.

Повиците за обединување на Груевски - повик за послушност или повик за вистински консензус за стратешките прашања?

Она што го направи македонската кошаркарска репрезентација за време на европското првенство во Литванија и по неговото завршување не му успеало на ниту еден политичар во земјава. Граѓаните во тие моменти без разлика на возраста, националноста и партијата на која и припаѓаат спонтано и заедно се радуваа на нивните успеси. Кошаркарите беа пречекани како што доликува, а можеа да се забележат и припадниците на опозицијата и власта по долго време како рамо до рамо му одаваат чест на нивниот подвиг. Но, кога еуфоријата исчезна, со неа се загуби и националното единство. Повеќето граѓани што тогаш ги анкетиравме беа свесни дека кошаркарите за разлика од политичарите го сплотија народот, но исто така знаеа дека „идилата“ нема да трае вечно.
Tие повици ги разбирам како повици за покорност и послушност.
Мендух Тачи, лидер на ДПА.

„Секое чудо за три дена. Мислам дека за недела дена се по старо.“

„Најмногу преку спортот може тоа да се реши, политиката засега не дава резултати.“

На прославувањето на дваесетгодишнината од независноста на Македонија, токму кошаркарите на земјата и ја дадоа најубавата честика се пласираа во четвртфиналето на турнирот. Се славеше нивниот пласман и се славеше празникот. „Ајде сите да се обединиме“ беа зборовите на премиерот Никола Груевски при неговото обраќање на прославата на плоштадот Македонија. Груевски ја искористи можноста да ги повика граѓаните да го поддржат во прашањето за името. СДСМ го нарече лицемерен обидот на премиерот за обединување.
Повиците за обединување кореспондираат со популистичката политика на премиерот Никола Груевски, вели професор Мирјана Малевска.
x
Повиците за обединување кореспондираат со популистичката политика на премиерот Никола Груевски, вели професор Мирјана Малевска

Груевски ја води државата според она историски познато - кога немаш план и визија, кога не можеш да се соочиш и да ги решиш проблемите, понуди му на народот “леб и игри“. За да биде трагедијата уште поголема во нашиот случај има се помалку „леб“, а се повеќе „игри“, стоеше во реакцијата на СДСМ.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во неделното интервју за Радио Слободна Европа на прашањето дали ќе придонесе да се случи тоа обединување рече дека повикот на премиерот имал друга позадина.

„Не, напротив тие повици ги разбирам како повици за покорност и послушност. Така збореа и други луѓе во 90-тите години, не сакам да бидам погрешно разбран од Македонците, но навистина мислам така.“

Груевски повторно повика на обединување и пред неколку дена за време на посетата на САД.

Професорката Мирјана Малеска вели дека таквиот чекор кореспондира со популистичката политика на премиерот Никола Груевски.

„Обединувањето всушност се однесува да се убедат или да се повикаат што поголем број на граѓани кои што можеби се неопределени политички, партиски, да се приклучат кон оваа платформа и да се обединат околу неа.“
Може да се протоколкува како зголемена внатрешна иницијатива ако се влезе во целиот тој процес на обединување, транспарентно и со позитивен став, или може да се подразбира исто така како тенденција за минимизирање на ставовите на другите.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

Според политичкиот аналитичар Алберт Муслиу иницијативата може да се протолкува на два начини.

„Може да се протоколкува како зголемена внатрешна иницијатива ако се влезе во целиот тој процес на обединување, транспарентно и со позитивен став, или може да се подразбира исто така како тенденција за минимизирање на ставовите на другите. Идеална ситуација би било кога обидинувањето ќе дојде како резултат на поширока дискусија, расправа, дебата и консензус.“

Професорот Здравко Савески вели дека би било голема грешка ако целта на Груевски е да се постигне обединување зад неговата позиција.

„Бидејќи со промовирање и инсистирање на сопствените политички концепти кои внесуваат раздор помеѓу граѓаните не само помеѓу различните етнички групи, туку и внатре помеѓу етничките Македонци, на тој начин се промовира расцепот наместо обединувањето.“
Досега само на кошаркарите им успеа да ги обединат политичарите
x
Досега само на кошаркарите им успеа да ги обединат политичарите

Малеска вели дека со тоа што Груевски го пласираше ставот за името очекува граѓаните да истиот да го следат.

„Повикуваат на нешто што сите граѓани го сакаат, а тоа е ако може да не направи компромис за името со Грција, да се задржи идентитетот итн, а тоа е нешто што на секој му е разбирливо и прифатливо, но политичарите мора да најдат решение за некои проблеми кои ги имаме и затоа се избрани на власт.“

Муслиу вели дека повиците за обединување секогаш имаат такви карактеристики, бидејќи се става акцент на едно мислење.

„Во демократијата различноста на мислењата е една од вредностите, затоа и велам не е само што ќе се каже вербално, туку што ќе следи после тие повици.“
Бидејќи со промовирање и инсистирање на сопствените политички концепти кои внесуваат раздор помеѓу граѓаните не само помеѓу различните етнички групи, туку и внатре помеѓу етничките Македонци, на тој начин се промовира расцепот наместо обединувањето.
Здравко Савески, политички аналитичар.

Ако нема одредени чекори кои стојат зад иницијативата на Груевски тогаш се се сведува на фразеологија, смета Савески.

„Во голема мера тоа се сведува на фразеологија, ако се сака да се постигне нешто повеќе од тоа тогаш мора да се преземат чекори, а оние чекори кои се преземаат се буквално во спротивна насока.“

На темата, освен со политичките аналитичари, поразговаравме и со комуникологот Сеад Џигал.

РСЕ: Каков ефект кај граѓаните сака да постигне премиерот Груевски со повиците за обединување во последно време?

„Ако не е дел од некоја пи-ар стратегија тогаш би можело да се оцени како позитивно, бидејќи е некој вид на единство е потребно, навистина. Така што во таа смисла не може да се оцени како нешто негативно, а сега кои се целите, мотивите и ефектите доправа треба да видиме.“

РСЕ: Колку повикот за обединување е следење на ставовите на власта по прашањето за името знаејќи дека тој во исто време ги пласираше токму нивните ставови за спорот со името?

„Се разбира дека секој повик за обединување треба да води сметка за деликатниот или чувствителниот баланс помеѓу тоа да имате единство околу некои стратешки прашања, а сепак да го задржите плуралистичкиот амбиент. Конкретно мислам дека низ еден горчлив процес на јавни дискусии сепак се прочисти некаков вид на консензус и може да се каже дека овој вид на обединување само го заокружува тој процес на прочистување на еден вид консензус околу самото прашање.“

РСЕ: Колку има популизам во тој чекор?

„Зборуваме за еден вид настапување на јавни функционери на декларативно ниво. Значи она што мора да биде проследено, заедно со таа декларативна компонента, е да има активна поддршка на тој повик од оној кој што го упатува и на него лежи најголемата одговорност таа поддршка да има фер основа да биде прифатени, значи таа треба да вклучува ексклузивност и на другите политички субјекти, да им се даде простор и тие да контрибуираат со активен повик и давање простор од страна на власта. Потоа мора да подразбира во другите фази, отвореност на инситуциите во сите јавно политички субјекти, невладиниот сектор, експертите, и секако на граѓаните. Значи тоа е еден крупен ефект кој не се мери според тоа колку убаво звучи, туку какви ефекти постигнува и колку успева да ги привлече јавните чинители кон едно планско исполнување на целите коишто сметаме или сме одредиле дека се од општо добро.“

РСЕ: Велите плански да се работи на зaедничките цели, но каква порака се пренесува кон политичките опоненти кога премиерот пласира одредени ставови за одредено прашање?

„Тоа е дел од политичката комуникација. Сега тука секој ги турка, ги промовира своите интереси или ставови, но мошне важно е во тоа политичко обединување да се изврши јакнење и на тие надпартиски прашања. Значи, и кога се инволвирани да речеме еден вид на политички интереси, сепак тие да не ги потиснуваат надпартиските интереси.“
Наместо прокламираната цел да биде обединет став со опозицијата, се смета на добивање на дополнителни политички поени на тој начин што се инсистира на оние разлики помеѓу ставот на владата и опозицијата. Наместо да се потенцираат различните точки, се инсистира на разликите.
Здравко Савески, политички аналитичар.

Малеска смета дека во едно демократско општество таква популистичка политика не може да вроди со плод.

„Обединување би можело да има доколку седнат на маса лидерите на релевантните политички партии заедно со премиерот и разговараат околу овие прашања кои треба да се решат кои се отворени, кои не попречуваат во натамошниот развој и тука да се најде некаков компромис, некакво решение меѓу нив.“

Целта, според Малеска, е придобивањето на што повеќе приврзаници.

„Се намали на овие избори бројот на пратеници во сооднос на бројот на гласачите на оваа политичка партија, претпоставувам за некои наредни избори, локални или парламентарни да се зголеми, односно да се доведе до некој максимум тој број на гласачи за оваа политика.“

x

Савески вели дека целта на повиците на Груевски е за собирање на политички поени, а не наоѓање заеднички јазик за прашањето.

„Наместо прокламираната цел да биде обединет став со опозицијата, се смета на добивање на дополнителни политички поени на тој начин што се инсистира на оние разлики помеѓу ставот на владата и опозицијата. Наместо да се потенцираат различните точки, се инсистира на разликите.“

И македонскиот претседател Ѓорге Иванов се приклучи на повиците за обединување на граѓаните за оставрување на стратешките цели на земјата. Експертите сметаат дека кај граѓаните има повеќе капацитет за дијалог и разменување на мислење, отколку кај политичарите кои премногу ги персонализираат улогите кои ги претставуваат. Не ретко според нив тие ги промовираат личните ставови кои не секогаш се тие кои ја водат државата напред, туку треба да се слушне и гласот на народот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG