Достапни линкови

Почнува МОТ


Претставата „Глембаеви“ на белградското Атеље дел од годинешниот МОТ
Претставата „Глембаеви“ на белградското Атеље дел од годинешниот МОТ

Со прикажувањето на претставите „Звукот на коските што се кршат“ и „Турбо Парадисо“, започнува 36-тото издание на меѓународниот фестивал Млад отворен театар.

„Турбо Парадисо“ и „Брехт-хардкор машина“ на Андраш Урбан и неговиот Унгарски градски театар од Суботица, многупати наградуваната „Чекална“ на Интернационалното театарско студио на Чехот – Вилијам Доколомански, патем и добитник на таканаречениот театарски оскар, Злосторство и казна на старите пријатели Словенско младинско гледалишче и новата надеж на тамошниот театар режисерот Диего де Бреа, Медеја на Узбекистанецот Овлиакули Коџакули, хит претставата Господа Глембаеви на белградското Атеље 212 и режисерот Јагош
Оваа година како и секоја се трудевме да имаме различни естетики, разлни автори со цел да направиме што поширока палета на претстави
Дејан Пројковски, селектор на програмата на МОТ
Марковиќ, поставката во која во екипата составена од најпознатите актери од државите од поранешна Југославија една од главните улоги
Претставата „Чекална“ на Вилијам Доколомански
x
Претставата „Чекална“ на Вилијам Доколомански
толкува нашиот Никола Ристановски и Ромео и Јулија на прославениот Оскар Коршуновас од Литванија, се само дел од 18 претстави што љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да ги проследат на неколку сцени на годинешното, 36 по ред, издание на меѓународниот фестивал Млад отворен театар.

„Оваа година како и секоја се трудевме да имаме различни естетики, разлни автори со цел да направиме што поширока палета на претстави.“

вели Дејан Пројковски, селектор на програмата на МОТ.
Особено значајно е и тоа што годинава МОТ храбро исчекорува во претставувањето на македонската независна театарска сцена, а Златко Стефковски, директор на Домот на младите – организаторот на манифестацијата, за ваквата заложба ќе рече дека:

„Веќе следната 2012 година онаа копродукција која традицонално се одржуваше со театрите од Европа, ќе се случи со домашна независна продуцентска куќа и МОТ ќе учествува со 200 илјади денари како поттик за развој на оваа театарска сцена.“

Во рамките на придружните активности на МОТ ќе бидат промовирани книгите Театарот на движење на Јозеф Наѓ и 01 – Краток вовед во
Веќе следната 2012 година онаа копродукција која традицонално се одржуваше со театрите од Европа, ќе се случи со домашна независна продуцентска куќа
Златко Стефковски, директор на МКЦ

Бесконечноста на театарскиот режисер Златко Славенски, ќе биде
x
претставена инсталацијата „Не зјапајте толку романтично“ на визуелниот уметник Филип Јовановски, а планирани се и три извонредно интересни концертни настапи. Горан Трајковски и Елена Христова ќе го промовираат својот заеднички проект Биоскопија, Сашо Гигов Гиш и неговите ЛА КОЛОНИ ВОЛВОКС ќе настапат со гостинот, бугарскиот кавалџија Теодоси Спасов, а за отворањето на манифестацијата се предвидени американците ТАКСИДОМУН. Се работи за состав кој е основан во 1977 година од класично образованите Стивен Браун и Блејн Рајнингер и кој со воведувањето на новата естетика во уметничкото андеграунд движење се стекна со култен статус што го одржува до денешни дни.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG