Достапни линкови

Инвестиции во Кичево


Неколку помали фабрики се градат во индустриската зона „Ивањидол 2“
Неколку помали фабрики се градат во индустриската зона „Ивањидол 2“

Неколку помали фабрики ќе се градат во индустриската зона „Ивањидол 2“ во Кичево.

Кичево започнува нова ера на економски развој. По пропаѓањето на бројните стопански капацитети во транзицијата, кои создадоа армија од невработени граѓани конечно се ставаат темелите на неколку помали фабрики. Индустриската зона „Ивањидол 2“ заживува, стопанствениците се оптимисти, дека за кусо време објектите кои што сега се градат ќе бидат ставени во функција. Кичевчанецот Нуредин Ајриф го стави камен темелникот на магацинот за лекови.
Прво да го изградиме објектот, а потоа ќе направиме магацин за лекови, а во иднина ако ни се пружи шанса да почнеме и да пакуваме. Во моментов условите се такви какви што се, доволно се поволни, затоа почнавме да инвестираме
Нуредин Ајриф, инвеститор
Прво да го изградиме објектот, а потоа ќе направиме магацин за лекови, а во иднина ако ни се пружи шанса да почнеме и да пакуваме. Во моментов условите се такви какви што се, доволно се поволни, затоа почнавме да инвестираме“, вели Ајриф.

Алија Зулароски пак ќе инвестира околу 600.000 евра за почеток во изградба на објектот и набавка на опрема за градежништво.
Инвеститорите оптимисти, дека за кусо време објектите коишто се градат ќе бидат ставени во функција

„Замислата ни е да почнеме со полупроизводство, готови репроматеријали да земаме, да го произведуваме производот, да го пакуваме и пуштаме на пазарот на градежни материјали кои што ги увезувавме досега од Република Турција. Условите се поволни, со локалната самоуправа имаме добри услови и добра соработка.“

Бајрамоски Галип за почеток ќе вработи 20 невработени во неговата фабрика, која се гради на површина од околу 500 метри квадратни.
Замислата ни е да почнеме со полупроизводство, готови репроматеријали да земаме, да го произведуваме производот, да го пакуваме и пуштаме на пазарот на градежни материјали кои што ги увезувавме досега од Република Турција
Алија Зулароски, инвеститор

„Работа на пластични врати и прозорци во производство и полупроизводство. Би требало на почетокот да бидат вработени 20 души, а потоа ќе видиме. Условите засега се многу добри, мислам дека ќе бидат и подобри.“

И Злате Трајкоски oд Кичево е оптимист дека со работа во индустриската зона, го чекаат многу подобри времиња.Тој инвестира во фабрика за производство на добиточна храна.

„Објектот ми е 600 метри квадратни, имам и три силоса кои пренесуваат над 100 тони еден, имам млин, уште една приклучна машина, сушара за житарици. Инвестицијата без машини е некаде околу 150.000 евра.“

Во индустриската зона „Ивањидол 2“ ќе се градат 22 објекта. Советот на Општина Кичево усвои низа одлуки со кои обезбеди повеќе бенефиции кои ќе ги стимулираат инвеститорите, и ќе го зголемат економскиот развој на градот.

„Општина Кичево ќе го промени генералниот урбанистички план и деталниот урбанистички план за оваа населба и ќе обезбеди уште десетици нови локации за заинтересираните инвеститори. Подготвени сме да им излеземе пресрет на сите инвеститори кои имаат добри предлози. Нашата желба е за кусо време да го вратиме имиџот на нашиот град кој важеше за добро развиен индустриски град во минатото“, потенцира градоначалникот Благоја Деспотоски.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG