Достапни линкови

Бојкот на наставата во Ропотово


Родителите се категорични дека нема да дозволат нивните деца да следат настава се додека не биде повлечена одлуката за вработување на служител и наставник од албанска националност.
Родителите се категорични дека нема да дозволат нивните деца да следат настава се додека не биде повлечена одлуката за вработување на служител и наставник од албанска националност.

Поради меѓуетничка нетрпеливост, бојкот за наставата на педесетина ученици од основното училиште „Ѓорче Петров“ во селото Ропотово.


Меѓуетничката и верска нетрпеливост меѓу жителите во долненските села Пешталево, Секирци и Ропотово се причина за бојкотот на наставата на 50-ина основци во училиштето Ѓорче Петров. Родителите се категорични дека нема да дозволат нивните деца да следат настава се додека градоначалникот на Општина Долнени не ја повлече одлуката за вработување на служител и одделенски наставник од албанска националност. Велат нема да дозволат на нивните деца да им предаваат наставници кои не и припаѓаат на православната вера.
„Ние едноставно овде сме македонско село, немаме ни Турци, ни Роми, ништо. Нема да се менува ни служител, ни директорка, ни наставнички кадар, ништо. Македонци сме биле и Македонци остануваме, до последно децата наши на школо нема да одат. Родители, дедовци, прадедовци војна воделе за Македонија и ние да попуштаме сега, нема попуштање“, изјави Жаклина Грујоска, пренесувајќи го ставот на сите родители.

Македонци сме биле и Македонци остануваме, до последно децата наши на школо нема да одат. Родители, дедовци, прадедовци војна воделе за Македонија и ние да попуштаме сега, нема попуштање
Жаклина Грујоска, родител

Тие се загрижени и затоа што нововработениот служител неодамна им се заканувал на жителите од Пешталево, затоа бараат тој ниту ден да не остане во училиштето.
„Вработен е и служител во основното училиште во Пешталево, од албанската националност кој ни закани дека ќе коли македонски православни деца. Луѓе сега тој е служител кај нас, значи ние сега немаме доверба, немаме сигурност за нашите деца“, вели Иванка Богеска.

Родителите од трите долненски села како што рекоа не бараат помош од Министерството за образование, туку вината ја префрлаат само на градоначалникот Абдула Бајрамоски, кого го обвинуваат за целиот овој хаос што им се случува. Но, според Бајрамоски, проблем во Општината нема. Иако во Долнени живеат етнички мешано население, имало
Во село Ропотово еднаш се вработува муслиманка која има завршено, има диплома за одделенски наставник и по сите закони, пропишани правила во Република Македонија, таа заслужува да биде на работно место
Абдула Бајрамоски, градоначалник
соживот, меѓуетничка толеранција и разбирање се до моментот како што вели кога извесни вжештени глави од одредени лаборатории не почнале да го загадуваат просторот, ширејќи верска и етичка омраза и нетрпеливост.

„Во село Пешталево од вкупно петмина наставници, тројца се Македонци, иако поголем дел од децата се муслимани. Ако ги земеме населените места како што се: Лажани, Дебреште, Црнилиште, Житоше... повеќе од 50 отсто од наставниците се Македонци. Дебреште и во Лажани се над 80 отсто Македонци. Во село Ропотово еднаш се вработува муслиманка која има завршено, има диплома за одделенски наставник и по сите закони, пропишани правила во Република Македонија, таа заслужува да биде на работно место.“

Бајрамоски истакна дека ќе се сретне лично со Советот на родители и дека ќе преземе мерки проблемот да се надмине.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG