Достапни линкови

Недостаток на простории за учениците Албанци


Илустрација.
Илустрација.

Поради прекубројноста и лошата инфраструктура, учениците Албанци од кумановското економско и техничко училиште, се соочуваат со недостаток од простор.

Во Средното економско училиште „Перо Наков“ и во техничкото „Наце Буѓони“ во Куманово на албански јазик, прекубројноста на учениците, лошата инфраструктура и недостаток од простор се проблеми со кои беа запознаени надлежните од Министерството за образование и од Мисијата на ОБСЕ. Овие проблеми излегоа на површина последната деценија откако средношколците Алабанци се дислоцираа од нивните врсници на македонски јазик, заради тогашното нивно образоложение да бидат побезбедни.
Нема услови бидејќи се водиме од тоа колку има услови толку и да се запишат ученици. За разлика од техничкото каде што се запишува поголем број ученици. Секој сака да учи информатика и медицинско, затоа и се соочуваме со овој проблем.

Министерот за образование Панче Кралев, неговиот заменик Сафет Незири, шефот на мисијата на ОБСЕ Ралф Брет во Македонија, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски и директорот на економското училиште Момчило Антевски ја разгледаа фактичката состојба, во барање начини наставата да се одвива нормално. Сите заедно ќе настојуваат проблемите да се надминат и средношколците Албанци да добијат соодветни модерни услови за образование.

„Нема услови бидејќи се водиме од тоа колку има услови толку и да се запишат ученици. За разлика од техничкото каде што се запишува поголем број ученици. Секој сака да учи информатика и медицинско, затоа и се соочуваме со овој проблем. Генерална политика на МОН и локалната смаоуправа е зависно од пазар на труд и толку ученици и да се запишуваат“, вели Момчило Антевски, директор на Средното економско.

Тој додава дека има простор во објектот каде што наставата е на македонски, но дека техничкото кое има насоки за информатика и медицински паралелки е поатрактивно за средношколците.
Професорите Албанци, пак, реагираат дека има поголем број ученици отколку простории, а дека нема ниту фискултурна сала.
Имаме проблем со спортска сала, но и со легализација односно префрлање на објектот од Министерство за одбрана на МОН

„Имаме проблем со спортска сала, но и со легализација односно префрлање на објектот од Министерство за одбрана на МОН“, вели професорот Скендер Саити.

Министерот за образование Панче Кралев рече дека и учениците и наставниците ги посочиле проблемите, бидејќи во техничкото училиште „Наце Буѓони“ е неопходно подобрување на инфраструктурата, а второто е „Перо Наков“, каде што треба да се постават мобилни училници.
Во училиштето „Наце Буѓони“ проблемот е и со прекубројноста на учениците во однос на просториите, а заменик министерот за образование рече дека ќе се преземат мерки за тој да се надмине.
Претставникот на ОБСЕ Ралф Брет вели:

„Видовме со наши очи дека ситуацијата и условите не се добри, постоечките згради се многу оддалечени едни од други, но видовме оние што ги донесуваат одлуките дека напорно работат на разрешување на ова прашање. И се разбира наш интерес е и мандатот на мисијата да се охрабри имплементацијата на интегрираното образование и покрај сите проблеми кои постојат во момнентот. Тоа е во јадрото на нашиот мандат.“
Ние очекуваме одлуката да биде преиспитана и да се вратиме на првичната намена за средношколски центар.
Write your quote footer here...


Градоначалникот Дамјановски вели дека ќе се преземат мерки за поставување уште 20 мобилни училници во дворот на „Перо Наков“ и тоа би дало резултати во средното образование на албански јазик откако ќе почне да се реализира објектот за средношколски центар или евентуално да се гради универзитетот.

„Тоа е во рацете на Министерството, ние очекуваме одлуката да биде преиспитана и да се вратиме на првичната намена за средношколски центар за наредната година да биде комплетирана целата слика и да имаме добри услови за едукација и да ги намалиме тензиите кои траат последните пет-шест години.“

Дамјановски вели оти очекува добра соработка со Министерството за образование.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG