Достапни линкови

Разединетост и за славје

Интензивна работа на плоштадот „Македонија“ пред прославата.
Интензивна работа на плоштадот „Македонија“ пред прославата.

Поделби и на прославата на Денот на независноста. Власта вели дека нејзина должност била да ја подготви прославата, опозицијата обвинува за владина промоција.

Дваесетгодишнината од независноста на Македонија е голем ден кој треба достојно да се одбележи. Но, наместо прославата да обединува, опозиционерите лути на власта, што организацијата ја презеде на своја рака и тоа придонесе не само за партиски поделби, туку и за поделби меѓу граѓаните.
Подготовките за грандиозната прослава привршуваат
x
Подготовките за грандиозната прослава привршуваат

Пратеничката од НСДП, Соња Мираковска вели дека владејчката партија од самиот почеток несоодветно се однесува со подготовките за 8 Септември и со тоа селективно и приватно се слави нешто што е придобивка на сите граѓани на Македонија. Ако минатото се користи за пресметки и се толкува како што на некого му одговара тогаш навистина имаме проблем во државата, вели таа.
Владеjачката гарнитура наметнува поделби и по тој основ практично почнуваме како луѓе да се делиме, тоа не смееше да се случи, но веќе се случува.
Соња Мираковска, пратеничка од НСДП.

„Владејачката гарнитура наметнува поделби и по тој основ практично почнуваме како луѓе да се делиме, тоа не смееше да се случи, но веќе се случува и Античка Македонија, дали сме словени, антички Македонци итн., мислам дека требаше да се остави историчарите ова да го решаваат, а не ние практично сега да го рушиме својот идентитет на еден бизарен начин.“

Пратеникот од СДСМ, Менде Диневски вели дека нема да прифати да биде дел од централната манифестација на плоштадот Македонија, затоа што таа претставува обид на премиерот Никола Груевски за сопствена промоција и за преставување на проектот Скопје 2014 година.

„Она што мислам дека не треба да се прави, е да се дели народот на партиска основа и затоа СДСМ нема да организира никакви паралелни манифестации и прослави кои дополнително ќе го делат народот, тоа е разликата помеѓу нас како една одговорна и една неодговорна политика кон сопствената земја и сопствениот народ.“

Пред Празникот

Поглед на плоштадот Македонија од Камен мост
1/20 Поглед на плоштадот Македонија од Камен мост
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Последни подготовки во Музејот на македонската борба за државност
2/20 Последни подготовки во Музејот на македонската борба за државност
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Последни подготовки во Музејот на македонската борба за државност
3/20 Последни подготовки во Музејот на македонската борба за државност
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Последно чистење пред Празникот
4/20 Последно чистење пред Празникот
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Карпош ги надгледува подготовките
5/20 Карпош ги надгледува подготовките
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Музејот каде што ќе биде сместена Декларацијата за независност
6/20 Музејот каде што ќе биде сместена Декларацијата за независност
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Досредување на Летниковецот на плоштадот Македонија
7/20 Досредување на Летниковецот на плоштадот Македонија
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Се подигнувата бината на плоштадот
8/20 Се подигнувата бината на плоштадот
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Споменикот на Цар Самоил
9/20 Споменикот на Цар Самоил
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Триумфалната капија на патот кон Плоштадот Македонија
10/20 Триумфалната капија на патот кон Плоштадот Македонија
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Интензивни подготовки
11/20 Интензивни подготовки
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Средена внтарешноста на капијата кон Плоштадот Македонија
12/20 Средена внтарешноста на капијата кон Плоштадот Македонија
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Триумфалната капија
13/20 Триумфалната капија
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Подготовки пред Собранието на Македонија
14/20 Подготовки пред Собранието на Македонија
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Подготовки пред зградата на Собранието на Република Македонија
15/20 Подготовки пред зградата на Собранието на Република Македонија
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Како со цвеќината пред Собранието на Македонија
16/20 Како со цвеќината пред Собранието на Македонија
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Подготовки и за телевизиски пренос
17/20 Подготовки и за телевизиски пренос
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Жена парк пред Празникот
18/20 Жена парк пред Празникот
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Работите продолжуваат
19/20 Работите продолжуваат
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Последни подготовки
20/20 Последни подготовки
Скопје се подготвува за прославата на 20 годишнината од независноста на Македонија.
Previous slide
Next slide


Пратеникот од ДУИ, Талат Џафери вели дека годишнината мора да се одбележи, а должност е на носителите на власта и тој настан да го подготват. Содржината на манифестацијата е работа на перцепцијата, но никој нема ексклузивно право на историските настани.
Учесници во настаните се сите субјекти, згора на тоа учесници во сите настани се и граѓаните на Македонија и во тој контекст граѓаните имаат право на достојно одбележување на настаните од минатото.
Талат Џафери, пратеник од ДУИ.

„Впрочем учесници во настаните се сите субјекти, згора на тоа учесници во сите настани се и граѓаните на Македонија и во тој контекст граѓаните имаат право на достојно одбележување на настаните од минатото.“

Власта пред неколку дена ја повика опозицијата да ги остави настрана политичките препукувања и заеднички да се прослави големата историска победа на земјава. Од минатото па се до денес, според политичарите, има доста турбуленции и уште многу што треба да се направи, а една од стратешките цели во последниве години е евроатланската интеграција на која власта мора да се сконцентрира за иднината на граѓаните да биде обезбедена.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

This item is part of
XS
SM
MD
LG