Достапни линкови

Незаконски прислушувања?


Комисијата за следење информации најавува дека ќе го покрене прашањето за следењето и прислушувањето на Љубе Бошкоски.

Првата работа со која ќе се зафати Комисијата за следење информации е дека ќе го покрене прашањето околу следењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски за тоа дали е се во ред од аспект на законот. Комисијата ќе побара одговор од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Комисијата која ја оддржа првата седница, истовремено, ќе побара од Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски сите преставници на комисијата да добијат документ со кој формално правно ги исполнуваат условите да бидат нејзини членови.

Проблематично е тоа што двајца нејзини членови немаат безбедносни сертификати и по три месеци иако формулари се пополнети. До ова доаѓа откако вчера членовите Талат Џафери од ДУИ и Орхан Ибраими од ДПА побараа да се одложи седницата.

Тито Петковски кој ја води Комисијата ќе го покрене прашањето околу следењето на Бошковски со оглед на тоа што од Министерството за внатрешни работи јавно кажаа дека го следеле Бошковски повеќе од два месеци и дошле до информации дека добил пари од заштитен сведок:
Значи ќе побараме од Министерката да не информира подетално за тоа кога се превземени последните истражни мерки.

„Значи ќе побараме од министерката да не информира подетално кога се спроведени последните истражни мерки, портпаролот рече дека во период од неколку месеци, што значи далеку пред изборите имало следење, снимање на лидер на политичка партија.“
x

Вчера кога се оддложи првата седница на комисијата, Петковски изјави дека е скандал ако МВР разузнавачки обработувале лидер на политичка партија за време на кампања.

Талат Џафери од ДУИ го поддржа Петковски двете процедури да одат паралелно, но нагласи дека сите членови на Комисијата треба да имаат безбедносен сертификат бидејќи нема да имаат увид во материјалите што ќе им ги доставува МВР, а исто така не ги исполнуваат условите да бидат нејзини претставници.

Функција на оваа Комисија е да врши контрола за спроведување на Законот за следење на комуникациите дали е некој незаконски прислушуван. Нејзиното стартување вчера беше одложено. Според зборовите на Петковски тој се нафатил да ја води, бидејќи како што рече била атрофирана и ништо не работела.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG