Достапни линкови

Белорусија на работ


Во Белорусија зоврива незадоволството од економската криза која не покажува знаци на попуштање.

Како што се приближува зимата, економистите предупредуваат дека ова е само почеток на скокот на цените на храната и комуналиите, наведува дописникот на Радио Слободна Европа од Минск, Том Балмфорт. Дали економските проблеми ќе доведат до политички промени?
Ние не живееме, ние преживуваме. Владата ги решава нејзините економски проблеми со ограбување на сопствениот народ. Цените во моментов се неверојатни.

Светлана Антанјук пензионерка од Минск вели дека веќе не може да си дозволи лекови за нејзиното болно срце.

„Всушност ние не живееме, ние преживуваме. Владата ги решава нејзините економски проблеми со ограбување на сопствениот народ. Цените во моментов се неверојатни.“

А, ќе биде полошо, многу полошо. И додека многу земји од поранешниот Советски Сојуз и во Источна Европа иницираа болни реформи во деведесетите години од минатиот век, подготвувајќи ги нивните економии за глобализираниот слободен пазар, Белорусија не го стори тоа. Со доаѓањето на власт во 1994 година претседателот Александар Лукашенко ја задржа економијата од советско време, како и ниските цени на основните потреби и јавните услуги. Во тоа имаше финансиска поддршка од Русија како награда на неговата блискост со Москва. Но, Русија јасно стави до знаење дека тие времиња завршија.

Во меѓувреме, Лукашенко не покажа дека сака да спроведе структурни реформи со цел да дојдат странски инвестиции. Белурската рубља загуби 36 насто во однос на доларот, цените скокаат секојдневно, а инфлацијата само за годинава е проектирана меѓу 55 и 75 отсто. Кризата водеше до најголемиот предизвик со кој се соочии Лукашенко во неговото 17-годишно валдеење, антивладините протести кои беа задушени од полицијата.
Се уште нема ништо од стимулирање на развојот на економијата. Нема либерализација. Наместо Железната завеса, сега дефакто имаме економска завеса. Без политички промени не е можен пристоен развој во Белорусија.

Станслау Шушкевич, првиот постсоветски претседател на Белорусија, вели дека смената на режимот е единствениот пат за излез од кризата:

„Се уште нема ништо од стимулирање на развојот на економијата. Нема либерализација. Наместо Железната завеса, сега дефакто имаме економска завеса. Без политички промени не е можен пристоен развој во Белорусија.“

Знаците на кризата се чувствуваат насекаде. Месото исчезна од рафтовите, а редовите за девизи пред менувачниците стануваат се подолги. Некои веќе складираат шеќер и масло за готвење. Традиционално евтината нафта почна да поскапува, поттикнувајќи долги редици пред бензинските пумпи, но и протести против зголемувањето на цените на дериватите.

Економска криза во Белорусија се влоши со раскошното трошење на Лукашенко на популистички мерки, како зголемување на пензиите и на платите за владините работници пред претседателските избори во декември 2010 на кои тој во услови на наводни големи неправилности освои скоро 80 отсто од гласовите. Оние што се жалеа на изборните резултати беа брутално тепани и затворени. На тоа Вашингтон и Брисел одговорија со санкции, по што дојде до интензивирање на барањата на Москва за унификација на двете земји. Така во Минск на понудениот пакет од Москва за спасување на економијата се гледа како на договор со ѓаволот. Нешто слично е со пакетот од ММФ кој за тоа бара реформи во земјата.

„Највиското лидерство, односно претседателот Лукашенко ги блокира овие реформи. Тој е многу исплашен. Тој во основа смета дека со реформите ќе биде ограничена неговата моќ“, вели Јана Кобзова, белоруски аналитичар во Европскиот совет за надворешни работи.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG