Достапни линкови

Вандализам врз Спомен Костурницата во Куманово


Спомен костурницата во Куманово
Спомен костурницата во Куманово

Вандализам врз Спомен костурницата во Куманово, симбол на градот кој е поместен и на градскиот грб.

Ископани, искршени, расфрлани мермерни плочки, обиена вратата на двете спомен костурници во кои се погребани остатоците на околу 500 паднати борци од сите национални заедници во Народноослободителната борба и револуцијата. Кој и зошто со лоша
Откако излезе комуналниот инспектор, направи снимки и записник, утврдена е голема штета, пријавено е во полиција, а известено е и Министерството за култура, односно Управата за заштита на културното богатство

намера го направил тоа, се очекува надлежните истражни и полициски органи да го утврдат, а за сега само се врши увид и во очекување да се преземат соодветни мерки. Ова не е прв атак врз споменикот кој последните децении не се одржува, туку само парцијално и површно се уредува и тоа само во пресрет на одбележување на националните празници.

Вандалскиот чин го забележале вработените на ЈП „Чистота и зеленила“, а Верче Лазаревска раководител на Секторот за комунална и градежна инспекција во Куманово вели дека е направена голема штета. Вандалскиот чин е извршен во ноќните часови.


„Откако излезе комуналниот инспектор, направи снимки и записник, утврдена е голема штета, пријавено е во полиција, а известено е и Министерството за култура, односно Управата за заштита на културното богатство, бидејќи споменикот е во надлежност на државата. Тие треба да утврдат висина на штетата. Се уште немаме никаков податок“, вели Лазаревска.

Максим Димитриевски, член на Комисијата за безбедност и противпожарна заштита вели дека Комисијата добила информација за извршено сквернавење на Спомен костурницата. Но, општинскиот совет
Дефинитвно тука е проболемот и од страна на надлежните за одржување и водење грижа за споменикот. Сведоци сме дека тој локалитет се одржува само за одбележување на празници.

треба да одлучува, кога ќе добие неопходни дополнителни информаци. Димитриевски се надева дека овој вандализам ќе биде осуден.

РСЕ: Има ли индиции кој и зошто тоа го направил?

„Не би сакал ништо да прејудицирам. Бев на местото на настанот, видов сериозни оштетувања на тоа свето место за нас кумановци, бидејќи самиот споменик е грб на градот. Искршени се дел од мермрени плочки и дел од платото.“

РСЕ: Дали не се води доволно грижа?

„Дефинитвно тука е проболемот и од страна на надлежните за одржување и водење грижа за споменикот. Сведоци сме дека тој локалитет се одржува само за одбележување на празници. Бидејќи сме на прагот на одбележување на 8 Септември, се надевам дека надлежните ќе смогнат сили и ќе го уредат тој дел таму. Се надевам дека така ќе биде.“


Спомен костурницата по својот маркатен изглед децении наназад е гордост на кумановци. Во минатото, а последните години помалку, преку целата година кумановци го посетуваат, шетаат и уживаат. Споменикот лоциран на височина на самиот излез од Куманово, е видиковец од кој особено во сончевите денови се гледа целиот град. Но, тоа во минатото беше и место за прошетка и неколкучасовен престој на кумановци од сите возрасти. На прошетка организирано доаѓаа деца од градинките и средношколците. Секој посетител запираше и тука поминуваше прекрасни и незаборавни моменти, шетајќи по стазите околу кои се ширеше миризба на разновидно цвеќе. Зеленилото на тревните површини и дрвјата беа вистински празник за очите и душата.

За жал,од некогаш убаво уредениот парк, мал спортски терен и детско катче, сега има само остатоци и бледи спомени за нешто убаво. Неретко и боровата шума во близина на споменикот е опожарувана, а поголем дел од кумановци почнаа да го избегнуваат локалитетот, кој сега се смета за легло на наркозависници.

Како и да е, Спомен костурницата од повеќе причини заслужува внимание, зашто тоа е дел од историјата, од минатото и од заслугите на некои млади луѓе. Едните ги положиле и своите животи за слободата и независноста на државата, а другите, пак, со голем пиетет тоа го изградиле и почитувале.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG