Достапни линкови

Нови бисти на народните херои?


Прилепската боречка организација предлага на Могилата на непобедените, да бидат поставени и четири нови бисти на првоборците учесници во НОБ - Вера Ацева, Ѓоре Дамески, Крсте Црвенкоски и Борка Темелкоски-Лилјакот.

Прилепската боречка организација предлага на Могилата на непобедените, во непосредна близина на Алејата каде се наоѓаат бистите на 10-те мина народни херои кои ги дадоа своите животи во време на НОБ, да бидат поставени и четири нови бисти на првоборците кои ја преживеаја револуцијата, но веќе се починати. Тие се Вера Ацева, Ѓоре Дамески, Крсте Црвенкоски и Борка Темелкоски-Лилјакот.
И Претседателството, ние ќе донесеме заклучок во кое време тоа треба да се реализира и заклучокот ќе го доставиме до Советот на Општината, да видиме каква реализација не очекува

,,Овие бисти према нас треба да бидат поставени према Алејата на народните херои, кај цветната градина на тоа место. И Претседателството, ние ќе донесеме заклучок во кое време тоа треба да се реализира и заклучокот ќе го доставиме до Советот на Општината, да видиме каква реализација не очекува."

Вели Димче Ѓорѓиоски, член на Претседателството на прилепската боречка организација. Според историчарот Цветан Беличански, големи се заслугите на овие 4-ца народни херои не само во текот на револуционерната борба, туку и по ослободувањето.

,,Нивните заслуги се трајни, со тоа што се починати не се избришува споменот на луѓето останува. Остануваат нивните дела, нивните вредности, нивната работа по ослободувањето во изградбата на новото општество.
Нивните заслуги се трајни, со тоа што се починати не се избришува споменот на луѓето останува. Остануваат нивните дела, нивните вредности, нивната работа по ослободувањето во изградбата на новото општество
Поради тоа тие заслужуваат да бидат признати на тој начин."

Вели Беличански. Од 15-те народни херои од Прилеп жив сведок на народно-ослободителната борба е Атанас Забазноски-Рускиот.
Боречката организацијата покрена иницијатива и имињата на 157-те носите на партизански споменици да бидат врежани во Могилата на непобедените.

,,Имињата на носителите на партизански споменици треба и така ќе настојуваме да се реализира, треба да бидат напишани на убави постоља."

Вели Ѓорѓиоски. Тој додава дека и овој предлог ќе биде доставен до општинскиот Совет, а потоа ќе се чека на реализација на овие значајни иницијативи, во правец на трајно зачувување и негување на историското минато.

Но, се чини дека никој во Прилеп не е заинтересиран да се пронајде исчезнатиот орден „Народен херој„одликување што во 1972 година го доби Прилеп од тогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз-Тито. По осамостојувањето на Македонија, ова значајно признание исчезна низ општинските лавиринти. Иако секоја година во очи на 11 –ти Октомври, се чествува почетокот на револуцијата, никоја локална гарнитура не покажа посебен интерес за да се открие енигмата и да се пронајде орденот.
Историчарот Беличански во тој контекст е категоричен:

,,Кратко ќе речам, јас мислам дека би требало да го поседува Собранието, да го има, и тоа е едно спомен облежје на заслугите на Прилеп, тоа е една потврда што Прилеп направил за време на револуцијата."
Прилеп


Прилепчани и денеска се горди на ова признание на граодот, кој за време на НОБ даде 15 од вкупно 90 загинати народни херои од Македонија.
А, на Могилата на непобедените, што е изградена во 1961 година на одбележувањето на 20 годишнината од почетокот на револуционерната борба против фашизмот се погребани посмртните останки на 632 од вкупно 650 борци од Прилеп и Прилепско.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG