Достапни линкови

Во Охрид конференција за Рамковниот договор


Потпишувањето на Охридскиот договор пред десет години
Потпишувањето на Охридскиот договор пред десет години

Охридскиот договор донесе мир и воспостави меѓуетничка толеранција - порака од конференцијата во Охрид.

Неопходно е најпрво да се воспостави мир, за да се развие демократијата, а тоа го направи Охридскиот договор, рече македонскиот претседател Горѓе Иванов на отварањето на дводневната конференција во Охрид по повод десетгодишнината од потпишувањето на договорот. Според
Македонскиот модел не се сведува само на правична застапеност во јавната администрација и државните институции, туку на взаемно почитување на интегритетот, културата, традицијата и обичаите. Тоа се вистинските вредности на соживот

Иванов македонскиот договор има двојна улога, како инструмент со кој се обезбедува довербата на граѓаните, нејзините институции и симболи, но и како основа за градење и развивање на мултиетничка доверба која е пат во градење на функционален меѓуетнички соживот:

„Македонскиот модел не се сведува само на правична застапеност во јавната администрација и државните институции, туку на взаемно почитување на интегритетот, културата, традицијата и обичаите. Тоа се вистинските вредности на соживот.“

Иванов сепак вели дека постои генерална оценка кај помалите етничките заедници кои се несоодветно застапени.

Заменикот претседател на македонската влада Муса Џафери вели дека за некои Рамковниот договор претставувал мировна политичка спогодба или компромис за крај на конфликот во 2001 година. Според него тој бил гаранција за иднината на Македонија.

„Овој договор има значајна порака - НЕ на дискриминацијата, НЕ на етничката и територијална поделба и кажа јасно ДА на толеранцијата, соживотот и взаемното почитување на сите граѓани на Македонија, тоа е најголемата вредноста на Рамковниот договор на патот кон европската иднина на Македонија“, рече Џафери.

Кога станува збор за вредноста на договорот, таа е многу голема, рече олеснувачот Џејмс Пердју

Заменикот државен потсекретар на САД Филип Рикер вели дека со
Можеме ли да го подобриме? Секако дека можеме. Охридскиот договор не е совршено решение, но кога станува збор за вредноста на договорот, таа е многу голема

почитување на различностите, културите, јазикот и религиите стануваме посилни нации кои се во развој.

„Овде на Балканот и во светот гледаме дека различностите се реалност во сите земји и тие што ќе ја препознаат шансата понудена од различностите, работат за доброто на општеството. Едно од основните начелна на Охридскиот рамковен договор е дека нема територијални решенија за етничките различности“, рече Рикер.

Олеснувачот на Рамковниот договор Џејмс Пердју вели дека договорот останува контроверзен во некои моменти, а дел од политичките лидери пружаат отпор. Спроведувањето беше тешко и имаше потреба од помош од меѓународната заедница и храброст од политичките лидери, но договорот функционира, вели Пердју.

„Македонија е во мир, демократско-политичкиот систем функционира. Можеме ли да го подобриме? Секако дека можеме. Охридскиот договор не е совршено решение, но кога станува збор за вредноста на договорот, таа е многу голема.“

На конференција не присустуваа потпишувачите на Охридскиот договор, Бранко Црвенковски, Арбен Џафери и Љупчо Георгиевски.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG