Достапни линкови

Дневен печат


„Светот во паника ние мирно следиме“, „Америка се разболе цел свет почна да кива“, „Нерамна битка за сини картони“ - дел од насловите во дневните весници.

Македонија - и се е можно! Не знае човек од каде да го почне прегледот на пишувањето на дневниот печат. Секој ден ново случување, ама, баш добро, барем животот ни е интересен. А, згора на се, и немирите во Лондон и во другите британски градови.

Нова Македонија дури се прашува дали „Британија е пред социјален бунт?“.

И опасноста од нова економска криза ги преокупира нашите медиуми. „Светот во паника, ние мирно ја следиме драмата“ - загрижено забележува Утрински, иако, како што пишува, домашната економија е погодена, паѓаат цените на металите, се топат девизните дознаки, а инвестициите се се’
Утрински: Светот во паника, ние мирно ја следиме драмата.

понеизвесни.

„Америка се разболе, цел свет почна да кива“, со забележлива иронија насловува Вечер, за на насловната да објави дека „Македонските банки се сигурни“, зашто била мала изложеноста кон САД, и дека „Македонија го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг“.

Паралелно на ова, Дневник информира дека од среда на полноќ бензините поскапеа затоа што завршува владината мерка за намалување на акцизите на нафтените деривати, а Утрински, дека лебот во септември поскапува за 15-20 отсто.

Нова Македонија го поставува прашањето за буџетот од над три милијарди евра и дали домашната економија ќе успее да генерира доволно пари за да се покријат буџетските расходи предвидени со предизборните ветувања ако се знае дека истовремено Владата вети намалување на повеќе даноци и царински давачки.
Вечер: Америка се разболе, цел свет почна да кива.

Турканиците на невработените во Фондот за здравство за да се пререгистрираат за да можат од септември да користат сини картончиња за лекување го провоцира Дневник, во насловот да констатира дека се води „Нерамна битка за сини картони“, а Нова Македонија да забележи: „Ем невработени, ем понижени пред Фондот за здравство“.

Само опозициски настроените медиуми го третираат отказот од Алсат-М ТВ на претседателката на Новинарскиот синдикат, Тамара Чаусидис, откако предупредувањата и заканите да престане да биде толку гласна околу третманот на новинарите од работодавачите не вродиле плод.

Случајот со уривањето на станбениот комплекс Космос на пратеникот Фијат Цаноски продолжува да ги интересира медиумите. Утрински информира дека Космос го активира опозицискиот фронт откако Цаноски
Нова Македонија: Ем невработени, ем понижени пред Фондот за здравство.
побарал состанок со СДСМ и сите коалициски партии, но со прашање што може СДСМ да му понуди на Цаноски откако не му успеа спасувањето на А1 ТВ.

Вечер, во свој стил насловува дека опозицијата повторно ќе го брани криминалот.

Дневник е преокупиран со фактот што Ѓунер Исмаил, како поранешен министер во владата на Црвенковски не се изјаснил дали соработувал или не со тајните служби. Дневник ја објавува и информацијата на Комисијата за лустрација дека 3.000 таканаречени кодоши бегат од лустрација.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG