Достапни линкови

Неподготвени за туризам?


Поглед кон Охридското Езеро.
Поглед кон Охридското Езеро.

Нестандардизирани сместувачки капацитети, неразвиена инфраструктура, ограничувања за угостителските објекти - дел од проблемите на домашниот туризам.

Не може да пречекувате гости во куќа каде живеете и каде вашите деца ѕиркаат преку клучалка. Но, за тоа се криви сите влади досега зошто не најдоа начин да дадат поволни кредити за изградба на вили со мали апартмани, каде што гостинот ќе биде изолиран во своја приватност. Овој коментар на еден читател на нашата веб-страница е само еден пример дека и покрај туристичкиот потенцијал на земјава, Македонија не е подготвена да ги пречека туристите.

Во време кога владата прави
Недостасува инфраструктура, таа е многу неразвиена, има многу места во Македoнија до кои што не се изградени патишта.
реклами за да ги едуцира граѓаните како да се однесуваат кон туристите алудирајќи на тоа дека треба да бидат љубезни, состојбата на теренот не оди во прилог на развој на домашниот туризам.
Забраната за возење скутери, за купување алкохол по 21 часот, за работа на кафеаните до еден часот по полноќ, се само дел од мерките за кои граѓаните сметаат дека се непопуларни и не одат во прилог на туризмот во земјава.


„Недостасува инфраструктура, таа е многу неразвиена, има многу места во Македoнија до кои што не се изградени патишта.“

„Треба туристичките работници да преземат некакви мерки и да бидат конкурентни во однос на соседните земји за да привлечат туристи.“

„Има многу убави места меѓутоа не се доволно искористени.“
Треба туристичките работници да преземат некакви мерки и да бидат конкурентни во однос на соседните земји за да привлечат туристи.

Сопствениците на угостителските објекти, пак, се уште реагираат на забраната за пушење цигари во затворените објекти. Иако на летните тераси пушењето е дозволено, сепак угостителите велат дека оваа мерка им пречи на дел од гостите кои сакаат да се скријат од летните горештини.

Претседателот на Стопанската комора за туризам, Анѓел Иванов вели дека е огорчен од состојбата на теренот. Намерата да се развие туризмот е добра, но реалноста сосема поинаква, вели Иванов. Тој укажува на неразвиената инфраструктура како е една од најголемите слабости на нашата земја.

Охрид од птичја перспектива - Има што да се види, ама треба и некако да се стигне и некаде да се седне.

„Ограничувањата на патот за автомобили што доаѓаат од Европа и да ги ограничите од 110 на 80 километри, па тие треба малава Македонија да ја патуваат три дена, згора на тоа личната и деловната култура на луѓето што се бават со туризам. Замислите има лажни полицајци, но има и
вистински полицајци кои си играат полицајци.“

Од Туристичкиот Сојуз на Македонија велат дека недостасуваат механизми за контрола на овој сегмент. Рекламите колку и да се добредојдени, толку се и неповолни кога не го нудите тоа што го
Ограничувањата на патот за автомобили што доаѓаат од Европа и да ги ограничите од 110 на 80 километри, па тие треба малава Македонија да ја патуваат три дена, згора на тоа личната и деловната култура на луѓето што се бават со туризам.
рекламирате, вели претседателката на Сојузот, Гордана Јанакиевска.

„Нудиме нешто што во суштина не им го нудиме. Јас имав искуство со неколку групи од Холандија и верувајте се е чиста импровизација, никој не внимава што се нуди и на каков начин. Имаше група која се жалеше дека шест дена по ред јадат баклава, секаде каде што беа низ Македонија сите им понудија баклава.“

Иванов порачува дека одговорноста не е само кај туристичките работници, чија цел е да ги донесат туристите во Македонија. Тој вели дека сите органи во државата треба да бидат мобилизирани и во служба на туристот со цел истиот да добие пријатен и незаборавен годишен одмор во земјава.

Каде е поубаво на одмор? Како граѓаните го оценуваат Охрид во однос на соседните земји и што мислат за љубезноста на домаќините? Погледнете и коментирајте овде.

Хајд Парк - каде е поубаво на одмор
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG