Достапни линкови

Норвешка во жалост


Во Норвешка им се оддава почит на 93 загинати во нападите од петокот. Осомничениот Андрес Беринг Бреивик попладне се појави пред суд во Осло.

Андерс Бехринг Бреивик осомичен за петочните напади во Норвешка , пристигна во судот. Сослушувањето е зад затворени врати. Осомничениот призна дека ги извршил нападите.
Тој преку неговиот адвокат рече дека сака да ги објасни мотивите за своите постапки. Со едноминутно молчење, пак денеска во Норвешка точно напладне им се одаде почит на загинатите.

Норвежаните денеска на национално ниво ги оплакуваат мртвите од нападите во петокот во Осло и на Утоја, во кои животот го загубија 93 лица. Граѓаните денеска поставуваа цвеќе пред катедралата во центарот на Осло.
Јас работам тука блиску и бев многу исплашена. А кога слушнав и за пукањето на островот бев тажна. Ова е многу тажно за Норвешка.


„Јас работам тука блиску и бев многу исплашена. А кога слушнав и за пукањето на островот бев тажна. Ова е многу тажно за Норвешка“, изјави Мартина Карлсон, граѓанка на Осло, за Ројтерс.

Премиерот на Норвешка, Јенс Столтенберг, пак, зборувајќи на местото во Осло каде што во петокот беше поставена бомбата изјави:


„Ние сме шокирани од насилството, ние бевме и сме шокирани за загубите на човечките животи, но во истовреме Норвешка е обединета. Норвежаните стојат цврсто и пораката е многу јасна – насилството нема да ја намали нашата способност да бидеме отворено и демократско општество“.

Полицијата и адвокатот на Бреивик потврдија дека 32-годишниот Норвежанец ги признал злоделата.
Ние сме шокирани од насилството, ние бевме и сме шокирани за загубите на човечките животи.

Oсомничениот, за кој се смета дека има врски со анти - исламистички групи, при нападот наводно дејствувал сам. Станува збор за нападите на островот Утоја, во близина на Осло, кога напаѓачот отворил оган врз младите кои биле во еден камп на владеачката Лабуристичка партија.

Андрес Беринг Бреивик.

Претходно во центарот на Осло експлодира бомба при што загинаа неколку лица, а беше причинета и голема материјална штета.

Од друга страна, по смртоносните напади во Норвешка, муслимански организации во Европа изразија стравување да не дојде до зголемување на гневот против муслиманите и обвинувања дека тие се виновни за нападите. Тие побараа зголемување на безбедноста.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG