Достапни линкови

Со горештините доаѓаат и пожарите


Летните високи температури го зголемија ризикот од пожари. Изминатиов период, протипожарните екипи интервенирале на гасење на неколку пожари.

Тропските температури го зголемија ризикот од појава на шумски пожари. Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, во изминатиов период тимови интервенирале за гасење на пожари на неколку локации низ земјава. На територијата на Старо Нагоричане, во општина Липково, како и општините Петровец и Илинден. Во
Населението треба да внимава при движење да не фрла отпушоци и земјоделците при обработката на своите ниви палењето на отпадот, што инаку и со закон е забрането, најчести извори на пожар се тие.

последниот пожар на територијата на општина Илинден изгореле 10 хектари пченица, лозје и една викендичка. Портпаролот на Дирекцијата, Ласко Мукаетов, препорачува внимателност:

„Населението треба да внимава при движење да не фрла отпушоци и земјоделците при обработката на своите ниви палењето на отпадот, што инаку и со закон е забрането, најчести извори на пожар се тие.“

Според Мукаетов, важна е и превенцијата:

Архива: Противпожарна единица во Битола.

„Вниманието на населението треба да се насочи кон спречување на избивање на пожари и треба да запамтиме дека ако случајно забележиме и видиме пожар треба да знаеме дека почетниот пожар можеме да го изгаснеме и со чаша вода, така што свеста кај граѓаните треба да биде зголемена и повнимателни да бидеме во овој период.“

Да се собираат отпадоците, да се внимава на отпушоците од цигарите и да не се пали оган. Ова се дел од препораките за рекреативците. Мила Искреновиќ од планинарското друштво „Македон“ ги објаснува планинарските правила на однесување:
Вниманието на населението треба да се насочи кон спречување на избивање на пожари и треба да запамтиме дека ако случајно забележиме и видиме пожар треба да знаеме дека почетниот пожар можеме да го изгаснеме и со чаша вода, така што свеста кај граѓаните треба да биде зголемена.

„Како прво не смееш да фрлиш отпад, второ обично и цигари доколку некои палат се знае дека потоа ги гасат и внимаваат, бидејќи кога одиш на планинарење кога ќе се вратиш назад на пауза тогаш палиш цигара, второ логорски оган не се пали бидејќи цел ден се поминува турата, па дури кога ќе се вратиш во планинарски дом некаде спиеш каде што има обично шпорет и друг вид греење. Така што јас мислам дека планинарите не се опасна група, туку напротив можеби се и најголеми информатори кога ќе видат пожар јавуваат.“

Надлежните институции воведоа делумна забрана за движење по шумите за да се спречи појавата на пожари. До граѓаните се апелира да ги почитуваат забраните, а оние кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна на корискикот на шумите, се казнуваат со по 2 до 3 илјади евра. Казната за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15 до 20 илјади евра.
XS
SM
MD
LG