Достапни линкови

За малку пари одмор во Кумановска Бања


Кумановска Бања и оваа како и претходните летни сезони најатрактивна за кумановци. За малку пари „полнење на батериите“ во лековитите води на бањата.

Во водата со бројни лековити својства се релаксираат и лекуваат и гастарбајтери и луѓе од другите градови во државава. Бањата работи по 12 часови, а бројот на капачите дневно за сега е над 200. Со зголемувањето на температурите се очекува бројот да се зголемува, зашто во времето на сиромаштијата Кумановска Бања на само три километри од градот, во месноста Вруќа Вода, во селото Проевце е најевтино место за „полнењето на батериите“, но и за обновувањето на ткивото, поради што се смета и дека подмладува.

„Секоја година правам бањи. Повеќе од 20 години, редовно. Убава е водата за нерви и за смирување. По 21 бања правам во сезоната, зависно од тоа колку пари имам.“
Секоја година правам бањи. Повеќе од 20 години, редовно. Убава е водата за нерви и за смирување. По 21 бања правам во сезоната, зависно од тоа колку пари имам.

РСЕ: Кој ви ја препорача?

„Без препорака, а и за очи помага“, вели 60-годишната кумановка Сунчица Арсовска.

Две децении редовно во бањата доаѓа и една година помладата Благица Ристова.

„Многу е убаво. Го стабилизра организмот, метаболизмот, целосно релаксира. Од 11 до 21 бања, зависно од времето. Пред 20 години ми ја препорача нашиот доктор Владимир Митевски.“

РСЕ: Велат дека оваа вода и подмладува?

„Да. Знам еден случај за една баба која имаше 90 години, 40 години доаѓала во бањата. Толку беше витална на таа возраст, што од бањата со внукот одеше на море. Таа велеше дека не знае за лекар. Точно е тоа, ама и јас одлично се чувствувам. Само бањата треба да се уреди. Во Сокобања во Србија на времето ми рекоа дека ние имаме прекрасна бања. Треба да си ја цениме. Сепак, во нејзиното одржување треба многу да се вложува.“

Кумановска Бања.

Во Кумановска Бања прв пат дошла Ружа Стојанова од Кочани.

„Сама без препорака, за рекреација. Сум слушнала дека е добра за нерви, за желудник.“

За лековитоста на Кумановска Бања, д-р Бранко Јовановски, интернист, уште во 70-те години од минатиот век забележал дека по хемиски состав оваа е идентична со Врњачка и Буковичка Бања во Србија, со Бањата Виши во Франција, со изворите Вилдунген и Маријанске Лазне во Република Чешка. Според некои анализи, оваа бања е дури и подобра од нив, односно ги нема недостатоците кои тие ги имаат. За Кумановска Бања е важен и факторот одмор. Според д-р Јовановски, кумановци ова не го земаат предвид и кај нив водата нема целосен ефект за разлика од оние од другите места.
Пред 10 години дојде една Французинка со штаки. Зеде 10 билети, почна да се капе и полека да ја остава штаката. Потоа зеде уште 11 билети и си замина без штатки. Доаѓаше и наредните години. И еден човек од Србија кој 20 години доаѓал велеше дека бањата му го спасила животот.

„Луѓето доаѓаат и по препорака на лекар. Има една многу добра книга која потврдува дека бањата е многу добро испитана“, вели Верка Иванчевска, вработена во бањата.

Инаку, Кумановска Бања е лековита за нервен систем и системот за варење. Полезна е за гастрит, чир на дванаестопрсно црево, за прележан хепатит, хронично воспаление на дебелото црево и полесни форми на шеќерната болест. За мочните патишта и бешиката, за бубрезите, за неврози, несоници, психички и нервни исцрпености, гинеколошки проблеми, за егземите и разните дерматити. Но, поради својството за обвновување на ткивото таа се смета и дека подмладува, запишал д-р Јовановски.

За ова Иванчевска додава:

„Пред 10 години дојде една Французинка со штаки. Зеде 10 билети, почна да се капе и полека да ја остава штаката. Потоа зеде уште 11 билети и си замина без штатки. Доаѓаше и наредните години. И еден човек од Србија кој 20 години доаѓал велеше дека бањата му го спасила животот.“

Во бањата нема лекар веќе четири децении, иако таа е позната повеќе од два века. Отворена е само во летните месеци без оглед што може да се користи во текот на целата година. Препорачлива е и за стоматолошките проблеми, особено поради присуството на флуорот. А дека е евтина покажува и тоа што билетот е 50 денари, а приватно сместување е 150 денари дневно.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG