Достапни линкови

„Трилогија Романа“ на отварањето на Охридско лето


Музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска и гостите на годинешното Охридско лето
Музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска и гостите на годинешното Охридско лето

Со мултимедијалниот проект „Трилогија Романа“ на 12-ти јули започнува 51-то издание на една од најреномираните македонски манифестации, Охридско лето.

Фестивалот Охридско лето, годинава, наспроти 51-вото издание, до неодамна без поголема промоција, како најголема, најстара и најпрестижна музичко-сценска манифестација кај нас, позната во светот, на охриѓани и туристите им значи многу како ретка културна понуда во
Во програмата за музичкиот дел ќе има гостувања на уметници од светски калибар, кои не биле не само во Македонија, туку и во регионот. Но ќе имаме и посебно атрактивни содржини кои ќе го привлечат вниманието не само на стручната, туку и на пошироката публика.
летната сезона, што носи познати уметнички имиња на различните фестивалски сцени во градот и на ривиерата.

„Редовен посетител сум на Охридско лето и можам да кажам дека ми се допаѓаат содржините што фестивалот ги нуди. Во годинашнава програма интересна е комбинацијата на изведби од класичната музика сои настап на врвни светски музичари, а од друга страна има понуда на драмски претстави од повеќе театри од кај нас и од други земји, па дури ќе има и една претстава за деца. Јас со нетрпение го очекувам настапот на Стефан Миленковиќ и Влатко Стефаноски, концерт кој минатата зима во Белград беше одбележан како музички настан на сезоната.“


„Од самиот фестивал очекувам добра понуда. Имаме најави на отворањето за спектакл со шпанска преработка на опера, со голема сценографија, па очекуваме да видиме нешто ново. Сум чул дека ќе настапат и неколи уметници од Русија, но не знам ништо повеќе, затоа сметам дека програмата на Охридско лето не е доволно промовирана и анимирана пред јавноста“, велат граѓаните.

Фестивалот по традиција се отвора на 12-ти јули, на празникот Петровден, кога во публиката меѓу познатите имиња се очекува да бидат и претседатели од регионов, заедно со македонскиот, Иванов, кој е и покровител на Охридско клето.

„Во програмата за музичкиот дел ќе има гостувања на уметници од светски калибар, кои не биле не само во Македонија, туку и во регионот. Но ќе имаме и посебно атрактивни содржини кои ќе го привлеат вниманието не само на стручната, туку и на пошироката публика. За свеченото отворање, на 12-ти јули, на Античкиот театар ќе има концерт-мултимедијален проект на делото „Трилогија Романа“ од Респиѓи,
Најважните претставници на оваа програма ќе бидат Јозеф Наџ и Фрај и неговиот креативен центар од Канича, со две изведби, потоа тетарот Комисаржевскаја од Санкт Петерсбург со „Ангели од сапун“, со фантастичниот режисер од Бугарија, Александар Морфов.
изведба на Македонската филхармонија и светски познатата продукциска куќа „Ла фура дел Баос“ од Шпанија. Тоа е копродукциски проект на класична музика во изведба на најновата технологија со звучни-сценски-светлосни ефекти, кој како дел од светската премиера во Охрид доаѓа по Валенсија и Рим“, вели музичката селекторка на фестивалот, Гордана Јосифова Неделковска.

Како фаворити, таа ги најавува најпродаваниот виолонистот од светски калибар, Најџел Кенеди, и осумте тенори од Русија, познати како тенори на 21-виот век.

„Драмската програма на Охридско лето 2011-та година, ќе обилува со исклучително високо естетизирани претстави. Најважните претставници на оваа програма ќе бидат Јозеф Наџ и Фрај и неговиот креативен центар од Канича, со две изведби, потоа тетарот Комисаржевскаја од Санкт Петерсбург со „Ангели од сапун“, со фантастичниот режисер од Бугарија, Александар Морфов. Имаме три Македонски премиери од најголемите и врвни продукции во Македонија и настапот на Маргарита Младенова од Сфумато театарот со Шекспировата Зимска Бајка“, вели Ѓорѓи Јолевски, драмски селектор на фестивалот.

Охридско лето на 20-ти август ќе биде затворено со грандиозната претстава „Одисеј“, по Хомер, на режисерот Морфов, со Битолскиот народен театар.
XS
SM
MD
LG