Достапни линкови

Одлични меѓуетничките односи во бизнисот


Според бизнисмените, економската логика е најважна во бизнисот, а меѓуетничките разлики воопшто не се важни.

Големо мнозинство од претставниците на бизнис зедницата имаат добро искуство со бизнисмените од различните етнички заедници. Влијанието на меѓуетничките односи, тие го анлализираат преку прифатливоста да се работи или да се биде раководен од друга етничка припадност. Во однос на работа во етнички мешана средина, тоа е прифатливо за големо
Овој дел е по космополитен и прифаќа повеќе, но тоа не се случува секаде.
мнозинство од граѓаните во скопскиот, но не и во сите региони, вели Мендере Кучи од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

„Овој дел е по космополитен и прифаќа повеќе. Но, имаме и членови од Прилеп, Битола и другите градови, на пример ако некој од Струмица оди во Тетово да продава или обратно, тоа не се случува.“

Според истражувањето на МЦМС, 10 години по потпишувањето на рамковниот договор, меѓуетничките односи се подобруваат.

Неговата перцепција не ја потврдува Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори. Има потреба од надминување на предрасудите или, како што вели, стравовите, особено во бизнисот кој следи логика на заемен интрес, вели Чекреџи. Според него, граѓаните не би избегнале барање работа или бизнис во подрачје каде е главно друга етничка припадност.

„Бизнисот има своја логика. Бизнисот ја следи логиката на профитот и соработката меѓу бизнисмените од различно етничко потекло е на највисоко ниво.“
Во Скопје се застапени многу компании од Тетово. Тука не е битно кој сте и што сте, туку економската логика.

Ние подолго време како луѓе од бизнис-заедницата сме влезени во еден меѓусебен процес каде што е јасно дека работа во етнички мешана средина е прифатливо за граѓаните од сите етнички припадности, оценува Сеад Кочан од Сојузот на градежните комори.

„Во Скопје се застапени многу компании од Тетово. Тука не е битно кој сте и што сте, туку економската логика.“

Според последното истражување на МЦМС, меѓуетничките односи генерално се во нагорна линија. Во делот кој го анализира приватниот сектор е наведено дека најприфатлива е работа во етнички мешана средина за граѓаните на скопскиот регион - 76 %, а најмалку прифатлива во југоисточниот регион – 45,7%.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG