Достапни линкови

Дневен печат


undated
undated

Новинарските случувања во фокусот на дневниот печст неделава.

Новинарството во Македонија преживува тектонски промени, но се чини дека јавноста веќе се научи на турбуленции па некако се' си поминува како редовна состојба. Дека згаснаа весниците Време, Шпиц и **** е ре, дека А1 ТВ се продавала за 25 милиони евра и дека новинарите протестираа за солидарност, јави Утрински, кој секојдневно ги следи настаните околу медиумите на Рамковски, можеби поради сличната своја судбина, за која, разбирливо не пишува затоа што, како што насловува Нова Македонија: „Откази се делеа за време на протестите“. Имено, уште тројца новинари, покрај првите двајца, добија отказ откако речиси сите негови новинари во минатата недела штрајкуваа поради сознанијата дека и Утрински најверојатно ќе се затвора. Вечер, вообичаено непријателски, веста за протестите ја објави со наслов: „Дали новинарството е важно само кога Велија и Сорос имаат интерес?“, обвинувајќи дека Здружението на новинарите и новинарскиот синдикт биле продолжена рака на Фондацијата Сорос и на СДСМ.

Конгрес на СДСМ - И по Бранко, Бранко

Конгресот на најголемата опозициска партија во Битола го одбележаа сите медиуми, особено нагласувајќи дека Црвенковски нема да го менува тимот околу себе и дека на тајното гласање добил убедливо мнозинство на своја страна и натаму да ја раководи партијата. Дневник забележува дека само Црвенковски го изустил зборот пораз, Нова Македонија дека „Сите се виновни, само Црвенковски не“, а Вечер дека во СДСМ немало волја за промени и дека „Социјалдемократите избраа пораз“.

Во својата анализа, Утрински забележува дека на Црвенковски нема да му биде лесно и дека ќе треба да изнајде начин како да го држи во кондиција опозицискиот фронт до следните избори.

Нова Македонија, на двапати се занимава со постапката на техничката, односно на старата влада да именува директори иако тоа не е според законите на земјава: „Старата Влада именува директори за новата!“, пишува весникот, информирајќи дека директорот на УЈП Горан Трајковски веќе добил решение со кое и во следните 4 години ќе биде директор на таа институција, а Цветко Грозданов, пратеник на владејачката партија во минатиот состав, бил именуван за директор на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор веднаш по изборите, на 6 јуни. Новиот координатор на СДСМ во Парламенотот, Игор Ивановски, го обвини старо-новиот претседател Вељаноски дека го крши Уставот со тоа што ги прифатил оставките на Груевски и на Трајковски од пратеничките места без нивно лично присуство на седницата.

Нова Македонија пишува дека „Администрацијата е нервозна поради новите правила“, поточно дека новините за нејзина реформа ќе покажеле дали таа и натаму ќе остане партиска војска и верно гласачко тело или ќе стане професионална, што ќе биде мошне важно за есенскиот извештај на ЕУ за Македонија.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG