Достапни линкови

Црвенковски добар избор?


Според дел од експертите, реизборот на Црвенковски ќе го продолжи мандатот на Груевски и ќе го зајакне автократското владеење во Македонија.

Бранко Црвенковски е старо-новиот лидер на СДСМ. На вчерашниот конгрес во Битола, делегатите го реизбраа Црвенковски со 562 гласа „за“ и 6 „против“. Исходот на 13 е Конгрес е очекуван, зашто Социјалдемократите, во јавноста сакаа да оставата впечаток дека „чесниот пораз“ на изборите е еднаков на победа.
Во овој момент не само СДСМ, туку Македонија нема поперспективен и подобар политичар од Шеќеринска. Доколку успее и внатре во СДСМ да се создаде доволно енергија, мислам дека тоа може да биде голема шанса и за СДСМ меѓутоа многу поголема и за Македонија.

Коалицискиот партнер на СДСМ, лидерот на НСДП, Тито Петковски, вели дека Црвенковски го реинкарнира СДСМ по поразите од 2006 и 2008 година. Се согласувам со оние што велат „Со Бранко тешко, без Бранко уште потешко“, вели Петковски. Тој смета дека најдобриот избор за СДСМ во моментов е Радмила Шеќеринска.

„Независно што многумина сметаат дека Шеќеринска ги изгубила изборите во 2008 година, избори кои таа и воопшто не ги посакуваше како лидер на СДСМ, така што јас сметам во овој момент не само СДСМ, туку Македонија нема поперспективен и подобар политичар од Шеќеринска. Доколку успее и внатре во СДСМ да се создаде доволно енергија, мислам дека тоа може да биде голема шанса и за СДСМ меѓутоа многу поголема и за Македонија.“

Искусниот политичар и долгогодишен пратеник, а сега и тазе пензионер Стојан Андов, вели дека СДСМ имал доволно време за да ги анализира изборните резултати. Ако тие процениле дека Црвенковски е нивниот најдобар избор, нема причина да се сомневам во тоа, вели Андов.

Според лидерот на НСДП Тито Петковски, Радмила Шеќеринска е најдобриот избор за лидер на опозицијата.

„Едноставно, луѓето после темелни истражувања и интензивна работа со граѓаните дошле до тоа сознание и мислам дека тоа е добро.“

Дел од аналитичарите се согласуваат дека во овој момент Црвенковски е најдобриот избор за лидерската позиција на најголемата опозициска партија, но се скептични дека со него на чело, партијата може да се врати на власт.

Аналитичарот Љуљзим Хазири вели дека ретко се наоѓа демократска држава во која поразените остануваат на чело на партиите.

„Лошо е што во Македонија се создаде една недемократска пракса која раѓа автократи, а тоа е непостоењето на моралната одговорност. Останувањето на Црвенковски на власт мислам дека само ќе ги продолжи мандатите на Груевски, односно ќе го зајакне автократското владеење во Македонија.“
Останувањето на Црвенковски на власт мислам дека само ќе ги продолжи мандатите на Груевски, односно ќе го зајакне автократското владеење во Македонија.

Социјалдемократската „идила“ јавно ја пореметуваа само поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Владо Бучковски и поранешниот генерален секретар на партијата, професор Ѓорѓи Спасов. Тие побараа анализа на изборните резултати и одговорност за нив.

Спасов, во колумната во Утрински под наслов „Со Бранко тешко, без Бранко никако“, бара во СДСМ еднаш да се постави прашањето зошто нема друг со таква харизма и способности како Црвенковски да ја води партијата.

„Без да се оспорува придонесот на Црвенковски за овие избори, за СДСМ би било здраво да си го постави прашањето: Што ако токму стравот кај дел од граѓаните од враќањето на Црвенковски на власт и неспособноста да обедини и други луѓе и партии околу себе натера 420.000 граѓани и по пет години, пак да гласаат за Груевски? Може ли тој недостаток на клучни гласови за победа да се надополни со изборот на нов лидер или тоа изгледа како експеримент, кој СДСМ во овој момент не смее да си го дозволи? Секоја промена на лидерот носи одредени опасности. Но, партијата треба да излезе од непотребната митологизација на Црвенковски како вечен спасител и треба да си ја врати самодовербата и да се обедини повеќе ако сака да го победи Груевски“, пишува Спасов.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG