Достапни линкови

Македонците незадоволни од животот


Само една третина од жителите во Македонија се задоволни од животот, што е многу пониско од просекот во другите земји во регионот. Ова се наведува во анкетата Животот во транзиција спроведена од Европската банка за обнова и развој и Светската банка, кон крајот на минатата година. Колку за споредба, во западните земји задоволството од животот е 72 проценти.

Во анкетата „Животот во транзиција“, спроведена од Европската банка за обнова и развој и од Светската банка кон крајот на минатата година, се анкетирани речиси 39 илјади домаќинства во 34 земји во Европа.

Целта е оценката на јавното мислење за благосостојбата и влијанието на економски и политички промени. Истражувањето нуди живописен доказ за тоа колку животите се погодени од глобалната економска криза и од нејзините последици.
Што се однесува до Македонија речиси 60 проценти од домаќинствата изјавија дека се погодени од кризата. Ова е над просекот во регионот. Помалку се погодени и домаќинствата со повисоки
примиња.

Што се однесува до Македонија, речиси 60 проценти од домаќинствата изјавија дека се погодени од кризата. Ова е над просекот во регионот.
Влијанието е најмало врз постарите луѓе, можеби и затоа што тие се помалку подложни на губење на работни места. Помалку се погодени и домаќинствата со повисоки примиња.

Во анкетата се додава дека задоволството од животот во Македонија се зголеми во текот на последните четири години. Генерално, процентот на задоволни луѓе, што е помалку од една третина, се уште е значително под просекот во регионот.

Исто така, кон крајот на минатата година имало и значителен пораст на оптимизмот од оној во 2006 година. Речиси половина од испитаниците сметаат дека нивните деца ќе имаат подобар живот од нив самите. Тој процент во 2006 беше една третина.


Процентуалната застапеност не се разликува многу во однос на возрасните групи, но има некои варијации на ниво на приходи. Оние со повисоки приходи се и најголемите оптимисти.

Во Македонија, комбинацијата на демократијата со пазарната економија е најпосакувана од која и да било друга опција. Сепак, повеќе од една четвртина изразуваат рамнодушност за тоа каков вид на систем треба да постои.

Во Македонија малку се оние кои веруваат дека постојат сите важни карактеристики на стабилна демократија. Само околу 20 отсто од испитаниците сметаат дека земјата има закон и ред или судски систем што ги брани правата на поединецот против злоупотребата од страна на државата.

Исто така помалку од 30 отсто мислат дека има слободни и фер избори. Сепак, околу 50 проценти сметаат дека правата на малцинствата се заштитени, што е блиску до просекот во западноевропските земји.
Можно е дека познанствата се замена за поткупот во јавните служби. Повеќе од половина од испитаниците велат дека неформалните контакти се важни за да се добијат официјални документи.

Покрај тоа, околу две третини од испитаниците чувствуваат дека тие имаат слобода да патуваат во странство. Во испитувањето на ЕБОР и Светска Банка се заклучува дека во принцип, земјата има ниско ниво на корупција во многу јавни институции, особено во однос на интеракција со сообраќајната полиција или кога се вадат официјалните документи.

Сепак, околу 15 проценти од луѓето велат дека тие прибегнале кон мито во здравствениот систем. Можно е дека познанствата се замена за поткупот во јавните служби.

Повеќе од половина од испитаниците велат дека неформалните контакти се важни за да се добијат официјални документи. Сепак, општото ниво на задоволство од јавните услуги е трет најнизок во регионот.

За најголем приоритет се смета здравствената заштита. Тоа е тесно поврзано и со инвестициите во образованието се наведува во анкетата „Животот во транзиција“.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG