Достапни линкови

Црна недела за весниците


Утрински весник доби шанса за спас, но неизвесно е излегувањето на Шпиц, Време и **** е ре.

Црна недела за македонските весници. Утрински се обидува да се спаси, а неизвесно е излегувањето на Шпиц, Време и **** е ре. Под закана е и А1 телевизија.
Подготвени сме и да намалиме од нашите плати, да скратиме од секојдневните трошоци што ги имаме, како телефони. Ќе се обидме да направиме најдобро и се надеваме дека ќе опстанеме.


Откако новинарите на Утрински, по најавите за отпуштање на 10 луѓе, во петокот, спонтано ја прекинаа работата, денеска се сретнаа со раководството на компанијата. Синдикалниот претставник на вработените во Утрински, Маја Томиќ, по средбата со раководството на МПМ, фирмата што го издава весникот, изјави дека Синдикатот се договорил со раководството да се обиде да најде начин како да се намалат трошоците, што е клучно за опстанок на весникот, без да се отпуштаат вработени.

„Ќе се обидеме од се по нешто да скратиме и да добиеме некоја сума која што е прифатлива и реална и која што ќе ни даде виза да продолжиме и понатаму. Подготвени сме и да намалиме од нашите плати, да скратиме од секојдневните трошоци што ги имаме, како телефони. Ќе се обидме да направиме најдобро и се надеваме дека ќе опстанеме.“

Таа се надева оти до крајот на годинава ситуацијата во весникот ќе се подобри.

Логото на Утрински весник.

Претседателката на новинарскиот синдикат, Тамара Чаусидис, изјави дека е „умерен оптимист“ за иднината на весникот.

„Имам впечаток дека доколку сите се „качат на бродот“ и сфатат дека иднината на весникот и на секое работно место поединечно е во
заедништвото и дека Утрински весник утре може да биде и пример за тоа како сепак, заедништово, солидарноста, можат да го победат голиот
Тотално е неизвесно што ќе се случува од задутре бидејќи со блокирана сметка објективно не може да се исполнат обврските, од купување на гориво за дистрибуција, не може да се купува
хартија.
интерес за профит.“

Подршка за вработените во Утрински стигна и од ЗНМ. Тие бараат да не се отпуштаат новинари, туку да се најде друго решение.

„Здружението бара од менаџментот на МПМ и раководството на весникот да престанат со притисоците врз новинарите, кои се противат на отпуштање на новинари, како еднострана мерка, за рационализација на трошоците во весникот“, стои во реакцијата на ЗНМ.

И додека раководството на МПМ сака да ја држи политиката настрана од целиот случај, посочувајќи дека се работи за рационализиација од економски причини, ситуацијата кај медиумите од Перо Наков е поинаква.

УЈП денеска ја блокираше сметката на Плус продкуција, фирмата што ги издава весниците Шпиц, Време и **** е ре. Фирмата доби решение за присилна наплата на данок од 1 милион евра. Телевизијата А1, пак, треба да плати 9,5 милиони евра.

Логото на весникот Време.

Главниот и одговорен уредник на Шпиц, Бранко Героски, вели дека вторничкиот број на весникот е подготвен, но оти е неизвесно дали трите весници – Шпиц, Време и **** е ре ќе излегуваат од среда.

„Тотално е неизвесно што ќе се случува од задутре бидејќи со блокирана сметка објективно не може да се исполнат обврските, од купување на гориво за дистрибуција, не може да се купува хартија итн, така што во овој момент владее неизвесност дали воопшто ќе може да продолжи да излегуваат весниците.“
За да фирмата прави некаков мал профит фирмата мора да работи, а за да работи претходно и требаат средства, така што станува збор за една спирала од која не е лесно да се излезе.


Со затворањето на весниците, без работа ќе останат стотина луѓе.
Героски вели дека еден милион евра е прилично голема сума која весниците многу тешко може да ја обезбедат, особено ако престанат да излегуваат.

„А доколку весниците престанат да излегуваат тоа ќе значи дека ќе престанат да се остваруваат и приходите од продажба, од реклами итн, така што мислам дека нема реална шанса да се надеваме дека чудо ќе се случи или дека фирмата тоа сама посебе ќе го исплати. Едноставна е работата. За да фирмата прави некаков мал профит фирмата мора да работи, а за да работи претходно и требаат средства, така што станува збор за една спирала од која не е лесно да се излезе.“

Медиумите од Перо Наков сметаат дека власта на овој начин се обидува да ги замолчи критичките медиуми.

Од друга страна, дел од познавачите на состојбата во медиумите велат дека власта, преку милионите што ги троши за реклами, го нарушува медиумскиот пазар и создава нелојална конкуренција. Во такви услови, велат, многу е тешко за критичките медиуми да опстанат на пазарот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG