Достапни линкови

Забелешки за пратениците од дијаспората


Нееднаква положба на гласачите во Македонија и оние во странство
Нееднаква положба на гласачите во Македонија и оние во странство

Експертите сметаат дека легитимитетот на пратениците од дијаспората ќе биде ставен под лупа затоа што се во надредена положба во однос на останатите пратеници.

Преставникот на иселениците од Македонија во Собранието од САД и Канада Павле Саздов го доби својот пратенички мандат со само 560 освоени гласови. За новите пратеници Павле Саздов од Америка, Милорад Додовски од Австралија и Ристо Манчев од Европа гласале 2700 иселеници од вкупно 4 илјади кои дошле до дипломатско конзуларните преставништва да го стават своето ливче во избирачката кутија. Дијаспората гласаше еден ден пред граѓаните во Македонија, а граѓанската асоцијација Мост набљудувала 19 од 36-те Дипломатско конзуларни претставништва. Директорот на „Мост“ Дарко Алексов вели
Решението за гласањето во ДПК се покажа несоодветно поради тоа што го доведе во прашање правото до еднаков пристап до гласачкото место, како и поради нееднаквата вредност на гласот во Македонија и во странство
дека измените и дополнувањата во изборниот законик кои беа донесени за усогласување на законодавството со меѓународните стандарди не беа целосно спроведени.

„Решението за гласањето во ДПК се покажа несоодветно поради тоа што го доведе во прашање правото до еднаков пристап до гласачкото место, како и поради нееднаквата вредност на гласот во Македонија и во странство што е резултат на непропорционалноста на изборните единици и различниот изборен систем во Македонија и странство.“

Шефот на долгорочната набљудувачка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ Џулијан Пил Јетс вели дека тие не можеле да го следат гласањето на дијспората но забележале дека е мошно скромен бројот на гласачи.


„Всушност еднаквоста е еден мошне важен и интересен меѓународен стандард и ова гласање имаше влијание во тој поглед. Како што споменав ОДИХР ќе го објави својот конечен извештај за некои два месеци одсега и тој ќе ги содржи препораките. Не се сомневам дека ОДИХР ќе се осврне на овие механизми на гласање во дијаспората.“

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека процедурата за гласање во дијаспората е избрзана и дека пратениците од дијаспората се во преднос во однос на кандидатите за пратеници од помалите партии кои не добија свој пратеник во Собранието.
Се ставаме во нерамноправна положба гласачите кои се во Македонија кои придонесуваат за оваа држава и гласачите кои не живеаат тука. Значи јас со мојот глас можам да одлучам со една десетина дел од мојот глас, додека во дијаспората можат да се соберат 200 луѓе и да изберат пратеник.

„Реално кај граѓаните се создава незадоволство поради тоа, не само кај политичките партии, туку се ставаме во нерамноправна положба гласачите кои се во Македонија кои придонесуваат за оваа држава и гласачите кои не живеаат тука. Значи јас со мојот глас можам да одлучам со една десетина дел од мојот глас, додека во дијаспората можат да се соберат 200 луѓе и да изберат пратеник.“

Тој вели дека реално може да се очекува од помалите партии набрзо да го оспоруваат легитимимитетот на пратениците од дијаспорите.

„Легитимитет ќе им се оспори од првиот ден и тоа не е само легитимитетот тој што ќе им се оспори, туку и легитетот е спорен бидејќи уставна категорија е еднаквоста на секој пратеник и со помал број на гласачи се ставаат во нерамноправна положба гласачите кои се во Македонија и тие што се надвор од Македонија и ако не се поправи овој начин на бирање на пратениците од дијаспората секогаш ќе има простор за разни манипулации.“

Руфи Османи се пожали за гласањето во дијаспората. Тој изјави дека Албанците печалбари се двојни губитници, затоа што тие немале можност да гласаат таму кај што привремено престојуваат, а ниту биле во својот роден крај за време на изборите. Сето тоа според него придонело Албанците да изгубат тројца пратеници во дијаспората и петтмина во земјата.се пожалија и СДСМ. Гордан георгиев од СДСМ изјави дека ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребил правото на гласање на дијаспората затоа што сите тројца пратеници се избрани со вкупно 2.500 гласа, за разлика од изборните единици во Македонија, каде што еден пратеник се избира со најмалку 8.000 гласа.

За изборниот процес во дијапсората државната изборна комисија побара над 1 милион евра. Со последните измени во законот за пратеници, на пратениците кои ќе ја претствуваат дијаспората во Собранието по изборите ќе им следува службен стан и надоместок за патните трошоци за да можат шест пати во годината да ги посетуваат своите гласачи, односно да одат до земјата од која се избрани.
Колку пари од буџетот ќе бидат издвојувани за тоа се уште нема официјални податоци.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG