Достапни линкови

Поскап такси превоз во Охрид


Такси возила во Охрид
Такси возила во Охрид

Градскиот совет, на барање на охридските таксисти, ја зголеми цената на такси превозот во Охрид.

Охриѓани и посетителите на најголемиот туристички центар во Македонија, десеттина дена се возат со поскап такси превоз, кој од поранешните 30 денари за старт и 25 за секој километар, сега е покачен на 50 стартни денари, цена што вклучува превоз од еден километар, а за секој нареден се наплаќаат плус 30 денари. Оваа одлука ја донесе
Сега се намали работата, но го добивме тоа што, со многу помалку работа, се задржа речиси истиот промет од претходниот период, кој го правевме по старата цена. Ние со новата цена сме доста задоволни.

градскиот совет на иницијатива на oхридските таксисти.

„Со старата цена ние немавме економска оправданост и експлоатацијата на возилата ни беше на крајно високо ниво. Тоа значи дека новите возила што до траеа две години, сега со новата цена, ќе траат четири години. Сега се намали работата, но го добивме тоа што, со многу помалку работа, се задржа речиси истиот промет од претходниот период, кој го правевме по старата цена. Ние со новата цена сме доста задоволни“, вели Сашо Поп Донески, претседател на синдикатот на такси возачите од Охрид.

Со тоа, пак, не се согласуваат досегашните редовни корисници на такси превозот.

Таксистите во охридската Општина

„Веќе почнав да не го користам, откако дојде до зголемување на цената на такси превозот, затоа што за истите релации за кои до сега плаќав по 30 или 60 денари, сега плаќам по 50, односно по 100 денари. Сметам дека не е издржана одлуката за зголемување на такси цената, затоа што знам дека доаѓа до постојано зголемување на цената на бензините, но сепак стандардот на граѓаните останува ист, односно платите не се зголемуваат. Сметам дека не само јас, туку поголемиот број граѓани повеќе не го користат такси превозот во Охрид, како досега“, вели жителка на Охрид.

Граѓаните мака мачеа со такси превозот во летниот период, кога поради сезоната, таксистите одбиваа да возат на куси релации и високо ги пумпаа цените, како услов да земат патник, на што беа револтирани и изманипулираните и неуслужени гостите.

„Досега, изминатите летни сезони, особено и во празниците, постоеше вистински хаос во такси превозот, кога буквално таксистите одбиваа да ги примат патниците на пократки релации, што мислам дека е
Веќе почнав да не го користам, откако дојде до зголемување на цената на такси превозот, затоа што за истите релации за кои до сега плаќав по 30 или 60 денари, сега плаќам по 50, односно по 100 денари.
недозволиво за еден туристички град како Охрид. Сега со зголемувањето на цените, тие ветија дека ќе се намали тој проблем, или ќе го нема повеќе, за што искрено не верувам дека ќе дојде до такво нешто.“

„Со квалитетот мислам дека ние сме град каде што такси компаниите се ни највисоко ниво во републиката, сега таксистите ќе можат да ги променат, доста добро да си ги зачуваат или обноват своите возила. Што се однесува до странските туристи, сега нема да има злоупотреба како што знаеме по старото искуство, во летниот период кога паушално се наплаќаше превозот, сега секој ќе си вози по таксиметар, за што имаме едногласна одлука, па мислам дека нема да има злоупотреба на странските гости нема да има, или ќе биде во најмала можна мерка“, велат граѓаните и сопствениците на такси компаниите.

Останува да се види, како ќе функционира такси превозот во Охрид по новата зголемена цена. Охрид каде има околу 400 унифицирани и фискализирани такси возила, треба да се гради повисока култура за опслужување на патниците и посебно гостите, за кои таксистите се слика на градот, кои можат да ги привлечат, но и одбијат туристите, да им дадат корисни информации, да им го направат престојот убав, но и горчлив, поради што и локалната власт апелираше на коректни и пољубезни такси услуги.
XS
SM
MD
LG