Достапни линкови

Сообраќајна студија за Битола


Битола
Битола

Општина Битола ќе го решава сообраќајниот хаос. За прв пат ќе се изработи стручна сообраќајна студија за решавање на проблемот.

Досега сообраќајот се решавал парцијално, а сега за првпат во историјата на градот ќе се изработи обемна студија која ќе ги евидентира проблемите со патната инфраструктура и ќе понуди решенија за цела територија на општината. Градската сообраќајна мрежа во Битола е мала, има неколку главни сообраќајници, останатите улици се тесни и кривулести. Низ
Во моментот се изработува сообраќајна студија на територијата на целата општина Битола. Таа е веќе завршена за централното градско подрачје, а до јули ќе биде комплетно завршена.
ваква мрежа сообраќајат околу 30 000 регистрирани возила што е премногу за оваа улична инфраструктура, па се создаваат тесни грла, затсои, сообраќајни незгоди, проблеми со недостиг на паркинзи итн.

„Во моментот се изработува сообраќајна студија на територијата на целата општина Битола. Таа е веќе завршена за централното градско подрачје, а до јули ќе биде комплетно завршена што ќе ни биде одлична подлога за изработување на деталните урбанистички планови, како и во кој правец да се изработуваат“, вели градоначалникот Владимир Талески.

Сообраќајната студија ја изработува Техничкиот факултет од Битола. Повеќе од 300 студенти волонтери извршија анализа на 41 крстосница во градот, ги пребројуваа возилата и ја мереа фреквенцијата на целата територија на подрачјето на оваа општина.

Владимир Талески

Со ова се подготви база на податоци со просторно и временски движење на моторните возила. Врз основа на ова ќе се понудат решенија кои ќе го променат сообраќајниот тек во градот.

„Во 2011 година ќе бидеме сведоци на изработка на уште неколку кружни текови низ нашиот град. Сообраќајната студија треба да укаже каде ќе бидат паркинг просторите, кои се паркинзи ќе ги користиме, кои се ќе бидат места за такси службите. А можеби ќе треба да предвидиме и некои нови улици зашто според професорите од факултетот се укажува на еден голем прераспоред, односно пренасочување на сообраќајот во градот. Ќе бидеме сведоци на една нова примена на сообраќајните правци, ќе има многу еднонасочни улици за што сум убеден дека во 2011 година ќе најдеме начини и средства сето тоа да го реализираме“, додава Талески.

Се разгледува и можноста централното градско подарчје да стане поголема пешачка зона. Од Црн Мост по булеварот преку Широк Сокак, па до паркот да има пешачка патека.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG