Достапни линкови

Охридските средношколци со театарска претстава


Охридските средношколци во претставата „Да се чудиш“
Охридските средношколци во претставата „Да се чудиш“

„Да се чудиш“ е името на претстава која ја подготвија средношколците од oхридската гимназија „Св. Климент Охридски“.

Не се само интернетот, кафе баровите и пиењето интересни за младите oхриѓани. Средношколците од престолнината на културата како никогаш до сега покажаа дека се занимаваат и со други активности и знаат да бидат креативни и успешни во театарската уметност, афирмирајќи го драмскиот талент и потврдувајќи дека мотивирани и добро насочени знаат да направат одлична претстава што со текстот, глумата, сценографијата, режијата, костимографијата, специјалните ефекти и пораката ја задоволи, насмеа и замисли публиката. Во претставата „Да се чудиш“, што по Охрид, ќе се игра во Прилеп и веројатно на драмскииот аматерски фестивал во Кочани, се вклучени 30-тина млади актери аматери од драмската секција во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“, кои со голем интерес на неа работеа повеќе месеци.


„Јас глумата ја доживувам како прекрасна уметност, што секогаш била и ќе биде актуелна и сите мои врсници ако сакаат да одат по дискотеки, тие сакаат и да глумат и во се што прават во приватниот и јавниот живот, тие на некој начин глумат и се внесуваат секогаш. Мислам дека од оваа претстава може да се извлече добра поука колку на некој низок начин е претставена една „големина на кралско семејство“, а и во нормалниот живот луѓето се
Актерите сме до 17-18 години и вака малку можеме да одмориме од кафичите, и наместо да одиме таму, се подготвуваме на проби.
спуштаат на такво ниво, некогаш кога се преценуваат самите себеси.“

„Актерите сме до 17-18 години и вака малку можеме да одмориме од кафичите, и наместо да одиме таму, се подготвуваме на проби, како и да здивнеме од компјутер и фејсбук и слични работи.“


„Оваа театарска понуда најнапред значеше претставување на нашето опкружување, на нашето школо за тоа колку некој може да се посвети на некоја работа, како и самопретставување на тоа што ние можеме да изведеме на сцената и едноставно беше претставување на вистинскиот живот преку глумци кои тоа го прават на поизразен начин со улоги кои ги претставуваат луѓето во секојдневието. Сето тоа ние го направивме на посмешен начин, некои луѓе изгледа се пронајдоа во своите улоги и на можеби ова беше исмевање на целото моментално општество“, велат младите актери Радмила Мила Коцарева, Мартин Мишевски и Катерина
Оваа театарска понуда најнапред значеше претставување на нашето опкружување, на нашето школо за тоа колку некој може да се посвети на некоја работа, како и самопретставување на тоа што ние можеме да изведеме на сцената и едноставно беше претставување на вистинскиот живот
Петревска, по впечатливата игра во трагикомедијата „Да се чудиш“, кои низ претстава во претстава, бегајќи од реалноста, мешајќи се со публиката, ја доловија превртената или вистинската слика на нашето живеење, низ оригиналниот и необичен текст на професорката по македонски јазик во Охридската гимназија, Ирена Бачиќ.

„Треба малку повеќе, поголем ентузијазам, луѓето повеќе да им помагаат на децата, бидејќи вакви проекти се голема, тешка работа и треба многу труд и помош од страна. Треба и луѓето малку да ги сватат децата, возрасните и сите оние кои можат да помогнат, треба да помогнат“, вели професорката по македонски јазик Бачиќ, која ја води драмската секција во охридската гимназија.

Запрашана дали денешните деца се толку лоши колку што некогаш се претставуваат, таа тоа го негира, додавајќи дека сегашните млади генерации се послободни, поначитани и покреативни, и можат да направат нешто за што и возрасните некогаш би сонувале дека може тоа да се случи. Вели авторот и режисер на претставата Ирена Бачиќ, чија порака во „Да се чудиш“ е дека совршенство нема, дека сите луѓе се и добри и лоши, дека човек треба да ја прифати реалноста каква што е, да го извлече максимумот, но да свати дека животот е и судбина.
XS
SM
MD
LG