Достапни линкови

Колку чини отчетот?


СДСМ обвини дека печатењето на отчетот на ВМРО-ДПМНЕ чини еден милион евра. Владеjачката партија, засега, без конкретен одговор.

Во ВМРО-ДПМНЕ се недостапни да одговорат колку чини печатењето и дистрибуцијата на Отчетот за работењето на владата во периодот од 2006 до 2011 година. СДСМ вчера обвини дека за печатењето на книгата, владејачката ВМРО-ДПМНЕ потрошила еден милион евра. Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека печатењето на отчетот чини само колку торбите на Луј Витон што ги носи Радмила Шеќеринска, но бројки не споменаа.

Во коалицискиот партнер во владата, ДУИ, пак, денеска реагираат дека со Отчетот, ВМРО-ДМПНЕ ги присвојува сите успеси на владата како да се само нивни.

На книгата-отчет од 264 страници, не пишува ниту каде е печатена, ниту во кој тираж.

Според печатниците кои ги консултиравме утринава, укоричена книга од 264 страници во Б5 формат, печатена во боја на 65-грамска хартија, во тираж од 50 илјади примероци, не би чинела повеќе од едно евро за примерок. Доколку тиражот е поголем, цената на примерокот може да се намали за 5-10 отсто. Цената може да биде и поголема доколку харијата е поквалитетна, но грубите пресметки покажуваат дека печатење и дистрибуција на 100 илјади примероци чини околу 100 илјади евра.

Корицата на Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ

Од друга страна, политичките партии сега може да потрошат колку што сакаат, односно колку што имаат. Изборниот законик ги ограничува партиите колку да потрошат само во кампања, но не и кога нема предизборна кампања.

За време на кампања, партиите може да потрошат по 180 денари односно околу три евра за регистриран избирач. Со оглед на тоа дека во Македонија има околу 1,8 милиони луѓе со право на глас, партиите може да потрошат до 5,5 милиони евра за време на изборната кампања.

Иако на очиглед на целата јавност, кампањата е одамна почната, таа официјално почнува на 15 мај.

Поранешниот антикорупционер Сашо Ордановски вели дека трошењето на пари од партите одамна е излезено од контрола. Ниту има јасни лимити, ниту некој ги контролира тие лимити за трошење. Партиите и на власт и во опозиција секогаш се обидувале да ги избегнуваат сите ограничувања во трошењето, вели тој и додава дека сега тој проблем станал поизразен зашто
Тоа е нешто што додека оваа власт е на власт не може да се санкционира. А, не сум сигурен и дека кога би се сменила власта би постоела волја и кај другите партии да го исконтролираат овој сектор, бидејќи помалку или повеќе сите се однесуваат на сличен начин во трошењето на партиски пари. Практично партиите се пералници за пари во време на избори, тоа значи и пред започнување на кампањата.
се трошат огромни пари.

„Тоа е нешто што додека оваа власт е на власт не може да се санкционира. А, не сум сигурен и дека кога би се сменила власта би постоела волја и кај другите партии да го исконтролираат овој сектор, бидејќи помалку или повеќе, сите се однесуваат на сличен начин во трошењето на партиски пари. Практично партиите се пералници за пари во време на избори, тоа значи и пред започнување на кампањата.“

Надвор од кампања, финансирањето на партиите е регулирано зо Законот за финансирање на политички партии, но таму нема ограничување колку пари може да потрошат партиите за нивните активности преку целата година.
Единствениот лимит е во сумата што може да ја донира еден донатор. Според законот, фирмите може да донираат до 150 просечни нето плати, односно околу 50 илјади евра, а луѓето двојно помалку во текот на една година.

Партиите се должни да доставуваат квартални извештаи за добиените донации до Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државниот завод за ревизија, во рок од 15 дена по завршувањето на кварталот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG