Достапни линкови

Нема намалување на невработеноста


Македонската економија ќе расте, но невработеноста нема да се намалува, покажува последната анализа на Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања.

Според анализата, на краток рок, во Македонија може да се очекува забрзување на економскиот раст, пред се поради подобрувањето на надворешната побарувачка. Институтот од Виена смета дека веројатно ќе се зголеми и вработеноста, но не доволно, за тоа да се одрази на забележително намалување на стапката на невработеност.
Значително забрзување на растот не може да се очекува дури на среден рок, анализира Институтот.
Да има стапка на раст од 5 или 6 отсто па да речеме вработувањето се зголемува да речеме половина од таа стапка, па тогаш за едно десетина години би била сигурно сосема изменета слика на пазарот на трудот во
Македонија.

Според нивните проценки, Македонија годинава ќе оствари економски раст од 2 отсто, а во наредните две години, македонската економија ќе расте по три отсто годишно.

Економскиот аналитичар Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања вели дека за да се намали бројот на невработени потребни се структурни промени. За видливо намалување на невработеноста потребен е поголем и континуиран економски раст и вложување во обука на невработените. Сепак, значителното намалување на невработеноста не може да се направи на краток рок, вели Глигоров.

Владимир Глигоров

„Да има стапка на раст од 5 или 6 отсто, па да речеме вработувањето се зголемува да речеме половина од таа стапка, па тогаш за едно десетина години би била сигурно сосема изменета слика на пазарот на трудот во Македонија.“

Извршниот претседател на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков се согласува со Глигоров дека треба да се инвестира во обука на невработените за полесно да наоѓаат работа. Сепак, тој смета дека бројот на невработени во Македонија е далеку помал од она што го прикажува статистиката. Според него, најмалку 50 илјади луѓе што во Македонија се водат како невработени, всушност работат во странство.

„Земјоделието, трудоинтензивните дејности, дополнителните дејности попладне итн., кога би се регистрирале и кога би влегле во редовната
Бришење на сите невработени луѓе од регистарот за невработени, кои не бараат активно работно место во период од месец дена и ќе видите дека бројката ќе биде 12 отсто.
економија дали низ паушал, дали низ општинска регистрација, таа бројка би се намалила.“

Бошков смета дека, за да се намали бројот на невработени, потребни се промени во начинот на регистрирање на привремено вработените, промени во законот за пензиско и инвалидско осигурување и промени во законот за социјална заштита.

„И на крај бришење на сите невработени луѓе од регистарот за невработени, кои не бараат активно работно место во период од месец дена и ќе видите дека бројката ќе биде 12 отсто.“

Според статистиките, една третина од работоспособното население во Македонија е невработено.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG