Достапни линкови

Ваши коментари


Интервјуто со Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО - НП, предизвика бројни реакции на нашата интернет страница.

Можеби како никогаш досега немало повеќе реакции на некое интервју на Радио Слободна Европа - редакцијата на македонски јазик. Во истовреме, неделното интервју со Љубчо Георгиевски, сегашен почесен претседател на ВМРО-НП ја отсликува поделеноста на вмровското партиското тело, а пишувачите на пораките, според се', членови на разните партии со вмровски предзнак развиваат цела дебата на нашата веб-страница.

Пораките се движат од еуфорични, како на пример онаа на Тасе кој пишува дека Георгиевски еединствен и реален политичар, најзаслужен за независна Македонија, оригинален, храбар, со харизма, до такви како на некојси БРМ БРМ кој прашува: „Кој фактор е типов, па да му се дава олку значење?“.

Некој Анонимен го прашува Георгиевски зарем не му е срам да се појавува пред основачите на партијата и да зборува за спас и интеграција, препорачувајќи му да си остане каде што беше и досега - надвор од јавноста.


И слушателот потпишан со Сашо Поски од Сиднеј смета дека Георгиевски е моментално најголемиот предавник на Македонија и му порачува да си стои настрана од политиката и да ги задоволи потребите на неговите љубимци, Бугарија и Грција.

Боки, пак, од Италија му препорачува на Георгиевски да си оди во Бугарија зашто таму ќе соберел повеќе гласови, веројатно алудирајќи на бугарското државјанство на почесниот лидер на ВМРО-НП.

На Анонимниот му одговара Љупчо од Вевчани кој пишува дека штом некој се претставува како основач на партијата, а е анонимен, најверојатно станува збор за некој удбаш, како што вели, кои во ДПМНЕ ги има со лопата да ги ринеш.

Друг испраќач на порака со име „До ВМРО таканаречено“, пишува дека Љубчо барем си кажал дека е Бугарин, а прашајте, вели, кои се скриени бугарофили во најтесното раководство на ДПМНЕ. Антонио Милошоски, што е, на пример?

Еуфорична е и пораката од Дејан од Штип кој пишува: „Љубчо, војводо, само напред! И самиот ќе се изненадиш каква поддршка ќе добиеш од македонскиот народ и ти си единствената надеж да се спаси независноста на државата од удбашките и пројуголсовенските структури, кои ни ја киднапираа државата“, смета Дејан.

Заслужуваат внимание и два, исто така спроивставени коментара на нашиот текст Службениците уплашени од реформите. Тимотеј од Куманово пишува: „Фала Богу, некој да ја стави администрацијата под контрола, не само да седат и да пијат кафе или да се шетаат од канцеларија во канцеларија и народот да го возат од шалтер до шалтер“. Владимир Петровски, пак, од Скопје прашува: „Кој ќе дава оценка за работата на службеникот - наркоманите или наркодилерите?“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG