Достапни линкови

Либија на раб на граѓанска војна

Бунтовниците во Раус Лануф ја слават победата по судирот со следбениците на либијскиот лидер
Бунтовниците во Раус Лануф ја слават победата по судирот со следбениците на либијскиот лидер

Противречни информации пристигаат од Либија околу тоа кој што контролира. Додека власта тврди дека ги протерала бунтовниците, од терен пристигнуваат спротивни тврдења.

Истрели од автоматско оружје одекнаа утрово во Трипoли, главниот град на Либија. Пукањето е од подржувачие на Гадафи кои го слават ослободувањето на Рас Ланоуф од антивладините бунтовници, соопштија локалните власти. Бунтовниците, од друга страна, велат дека градот се уште е под нивна контрола. Во јавноста се проширија и информации за ракетен напад врз рафинеријата во градот.
Либиската државна телевизија јави дека силите на Гадафи повторно превземале контрола во градовите Ал Завиа и Мисрата, и се придвижуваат кон Бенгази, град кој се смета за центар на бунтовничките сили. За сега нема објективни докази за ваквите тврдења.

Гадафи тврди дека се бори против тероризам

Муамар Гадафи
Лидерот изјавил дека е вклучен во борба против тероризам изразувајки изненаденост од отсуството на странска помош. Во интервју за францускиот весник „Журнал ду Диманше“, Гадафи рекол дека ако отстапи од власт, Либија ќе се претвори во рај за терористички групи како Ал Каеда. Синот на лидерот, Саиф, во интервју за американската телевизија „Си Ен Ен“ изјави дека неговиот татко ја ужива подршката на мнозинство Либијци.

„Дури и ако утре се одржат избори, мојот татко ќе победи со мнозинство гласови“, рече синот на либискиот лидер кој, меѓу другото, испрати забелешки до меѓународната заедница за споменувањето на членовите на неговото семејство во контекст на кризата која настанала во земјата.

„Не постои поврзаност меѓу моето семејство и тоа што тука се случува“, рече Саиф Гадафи.

Загриженост за можна граѓанска војна


Коментарите на Моамер Гадафи следат еден ден по нападот на неговите вооружени сили врз бунтовниците во градот Ал Завија, на 50 километри од Триполи. Според локални извори на кои се повикуваат новинските агенции, викендов загинале 30 лица во вооружени судири во кои биле вклучени и тенкови. Според одредени проценки, стотици луѓе загинале во немирите кои во земјата избија пред две недели, во знак на незадоволство од над 40 годишното владеење на Гадафи. Меѓународната заедница е загрижена од можноста за граѓанска војна која би траела со недели или месеци.

Нови извештаи за заробени војници

Британското Министерство за одбрана не ги демантира нити пак ги потврдува информациите дека припадници на британските специјални сили се заробени од страна на бунтовниците во Либија. Во британскиот „Сандеј Тајмс“ пишува дека војниците придружувале млад дипломат низ териториите кои се под власт на бунтовниците. Претходно, холандското Mинистерство за одбрана потврди дека тројца нивни војници биле уапсени во Либија од страна на силите лојални на Гадафи, додека се обидувале да евакуираат европски работници.

Либија на работ на граѓанска војна

Либија - протести против лидерот Муамер Гадафи
1/9 Либија - протести против лидерот Муамер Гадафи
 Анти-владините демонстранти во Либија го контролираат градот Бенгази, втор по големина. Се интензивираат протестите и во главниот град Триполи. Лидерот Муамер Ел Гадафи, кој е на власт над 40 години, нема намера да се повлече.
Гадафи на собирот на неговите подржувачи 19.02.2011
2/9 Гадафи на собирот на неговите подржувачи 19.02.2011
 Анти-владините демонстранти во Либија го контролираат градот Бенгази, втор по големина. Се интензивираат протестите и во главниот град Триполи. Лидерот Муамер Ел Гадафи, кој е на власт над 40 години, нема намера да се повлече.
Либија - оштетена зградата на локалната власт во градот Ал Бајда, 20.02.2011
3/9 Либија - оштетена зградата на локалната власт во градот Ал Бајда, 20.02.2011
 Анти-владините демонстранти во Либија го контролираат градот Бенгази, втор по големина. Се интензивираат протестите и во главниот град Триполи. Лидерот Муамер Ел Гадафи, кој е на власт над 40 години, нема намера да се повлече.
Демонстрантите го уништуваат споменикот на Гадафи во градот Тобрук  17.02.2011
4/9 Демонстрантите го уништуваат споменикот на Гадафи во градот Тобрук 17.02.2011
 Анти-владините демонстранти во Либија го контролираат градот Бенгази, втор по големина. Се интензивираат протестите и во главниот град Триполи. Лидерот Муамер Ел Гадафи, кој е на власт над 40 години, нема намера да се повлече.
Демонстрантите го уништуваат споменикот на Гадафи во градот Тобрук  17.02.2011
5/9 Демонстрантите го уништуваат споменикот на Гадафи во градот Тобрук 17.02.2011
 Анти-владините демонстранти во Либија го контролираат градот Бенгази, втор по големина. Се интензивираат протестите и во главниот град Триполи. Лидерот Муамер Ел Гадафи, кој е на власт над 40 години, нема намера да се повлече.
Либија - провладини демонстранти - P
6/9 Либија - провладини демонстранти - P
 Анти-владините демонстранти во Либија го контролираат градот Бенгази, втор по големина. Се интензивираат протестите и во главниот град Триполи. Лидерот Муамер Ел Гадафи, кој е на власт над 40 години, нема намера да се повлече.
Муамер Гадафи, Триполи, 13.02.2011
7/9 Муамер Гадафи, Триполи, 13.02.2011
 Анти-владините демонстранти во Либија го контролираат градот Бенгази, втор по големина. Се интензивираат протестите и во главниот град Триполи. Лидерот Муамер Ел Гадафи, кој е на власт над 40 години, нема намера да се повлече.
Либија - про-владини демонстрации - LIBYAN ARAB JAMAHIRIYA, Tripoli : Libyan pro-government supporters hold portraits of leader Moamer Kadhafi during a gathering in Tripoli on February 16, 2011 to show support for the veteran leader who seized power in a 1969 coup, as Libya braced for a "Day of Anger" following revolts in neighbouring Egypt and Tunisia. TOPSHOTS/AFP PHOTO/MAHMUD TURKIA
8/9 Либија - про-владини демонстрации - LIBYAN ARAB JAMAHIRIYA, Tripoli : Libyan pro-government supporters hold portraits of leader Moamer Kadhafi during a gathering in Tripoli on February 16, 2011 to show support for the veteran leader who seized power in a 1969 coup, as Libya braced for a "Day of Anger" following revolts in neighbouring Egypt and Tunisia. TOPSHOTS/AFP PHOTO/MAHMUD TURKIA
 Анти-владините демонстранти во Либија го контролираат градот Бенгази, втор по големина. Се интензивираат протестите и во главниот град Триполи. Лидерот Муамер Ел Гадафи, кој е на власт над 40 години, нема намера да се повлече.
Либија - про-владини демонстрации
9/9 Либија - про-владини демонстрации
 Анти-владините демонстранти во Либија го контролираат градот Бенгази, втор по големина. Се интензивираат протестите и во главниот град Триполи. Лидерот Муамер Ел Гадафи, кој е на власт над 40 години, нема намера да се повлече.
Previous slide
Next slide
XS
SM
MD
LG