Достапни линкови

Во СДСМ молк за изборите


Раководството на опозициската СДСМ
Раководството на опозициската СДСМ

Засега нема реакција од СДСМ на понудата на премиерот Груевски, да се вратат во Парламентот за да се донесе Законoт за избори и потоа да бидат распишани предвремени избори.

Молк во Социјалдемократскиот сојуз по вчерашниот повик на премиерот Никола Груевски опозицијата да се врати во парламентот за да се изгласа Законот за избори и веднаш потоа да бидат распишани предвремени избори. Нема реакција од најголемата опозициска партија, која кога го напушти законодавниот дом, постави пет услови за да се врати назад. Во интервју за
Црвенковски, со неговата одлука прави штета на државата, мислам дека тоа го направи со цел да се обезеди од евентуални предвремени избори, затоа што е свесен дека таквите избори убедливо би ги загубил.
телевизијата Сител, премиерот Груевски изјави дека неприсуството на опозицијата во Собранието му штети на имиџот на државата во светот.

„Се повеќе и повеќе Бранко Црвенковски, со неговата одлука прави штета на државата, мислам
Изборите единствено решение за недоразбирањата меѓу двете партии?
дека тоа го направи со цел да се обезеди од евентуални предвремени избори, затоа што е свесен дека таквите избори убедливо би ги загубил и најде модус во кој што ќе постави некакви услови и тие услови практично и да сакаме не можеме за пократко од шест месеци да ги исполниме и да каже дека не само што не се враќа во Парламентот, туку ако се оди на предвремени избори тој би ги бојкотирал.“

Нема реакција ниту од владејачката ДУИ. Иако, неколкупати досега оваа партија јасно кажа дека не сака избори пред да се реши прашањето за името. Дали за ваквата одлука на премиерот, Ахмети ја дал својата согласност, не добивме одговор.

За единствената опозициска партија која остана во Собранието, Либерално-демократската партија, вонредните избори се најдобро решение за
Македонија неможе во недоглед да оди со овие нарушени односи и недоразбирања меѓу двете главни политички партии, единствено решение ќе бидат вонредни парламентарни
избори.
надминување на политичката криза.

„Македонија не може во недоглед да оди со овие нарушени односи и недоразбирања меѓу двете главни политички партии, единствено решение ќе бидат вонредни парламентарни избори. Ние сме подготвени и јасно е дека мора така да биде завршницата, затоа што ниту реформи во овој момент може да се водат, ниту било која странска инвестиција ќе дојде во Република Македонија во една ваква политичка атмосфера“, изјави Андреј Жерновски од ЛДП.

Во Нова демократија, пак, велат дека не се изненадени од оваа одлука на премиерот.

„Во моментот кога на пленарна седница во Собранието ќе се постави како точка на дневен ред ова прашање, се разбира дека пратениците од Нова Демократија ќе бидат присутни, ќе ги искажат своите ставови и се разбира своите барања“, изјави Флора Кадриу од оваа партија.

Македонскиот премиер Никола Груевски вчера прв пат најави дека би можел да распише предвремени избори.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG