Достапни линкови

Избрани координатори на ЗНМ


Со цел организирано делување и подобро решавање на проблемите во медиумската сфера, избрани се координатори на ЗНМ во шест регионални центри во државата.

Новото реорганизирано Здружение на новинарите на Македонија, откако доби ново раководство се фокусира на избор на нови координатори во шесте регионални центри во државава, каде се здружени новинарите и снимателите од внатрешноста како услов за организирано делување во решавањето на основните проблеми на медиумската фела и нивното учество во донесувањето на законските акти и прописи што ја третираат
Новинарите треба да да го сочуваат достоинството на професијата, заеднички да се соочуваат со наталожените проблеми, да се обидат да се сплотат и да престанат конечно поделбите на новинарите, дали е тоа по редакции или по било каква
припадност.
информативната дејност. За разлика од Битола и Штип, во Охрид без никакви проблеми, едногласно претставниците на 50-тината медумски работници за свој лидер го избраа новинарот Горан Момироски.

„Новинарите треба да да го сочуваат достоинството на професијата, заеднички да се соочуваат со наталожените проблеми, да се обидат да се сплотат и да престанат конечно поделбите на новинарите, дали е тоа по редакции
Новинарот Горан Момироски избран за координатор во Охрид
или по било каква припадност. Се разбира дека натпреварот меѓу новинарите за одредени теми и стории и натаму ќе остане, но не треба да се натпреваруваме и кога станува збор за интерсот на новинарската професија. Се знае каква е дописиничката работа, макотрпна и секојдневна, особено во Охрид каде не постои ниту празник, ни викенд, кога најчесто се случуваат главните настани. Но, не треба да се жалиме на нашата работа и ангажираност, професионално треба да се извршуваат задачите, она што е најбитно за дописниците е на некој начин да бидат задоволни од тоа што го работат, да им биде решен статусот и
редовно да имаат примања“, вели за приоритетите во делувањето Момироски, новиот координатор на регионалниот центар на ЗНМ за Охрид и Струга.

Според него, во време на нарушени морални вредности во општеството, новинарите и дописниците, кои делуваат како редакции во мало, треба да ја вратат почитта кон професионалните стандарди, етиката и кодексот во новинарството. Во моментов доста актуелно е носењето на новиот закон за аудио и аудио-
Саморегулација значи наместо државата да утврдува правила како работат новинарите и медиумите, тоа го прават самите медиуми, значи новинарите, сопствениците и во тој процес учествува и граѓанскиот сектор. Тоа тело што ние ќе го формираме, во кое ќе учествуваат овие три партнери.
визулени медими, како основа за тоа кој и како ќе ја регулира работата на медиумите и новинарите, за што ЗНМ е на став дека е најадекватен системот на саморегулација.

„Саморегулација значи наместо државата да утврдува правила како работат новинарите и медиумите, тоа го прават самите медиуми, значи новинарите, сопствениците и во тој процес учествува и граѓанскиот сектор. Тоа тело што ние ќе го формираме, во кое ќе учествуваат овие три партнери, на некој начин ќе ги штити луѓето, граѓаните од неодговорното однесување на новинарите. Според она што го кажуваат од Министерството за транспорт и врски, тоа е влезено во законот, значи ако тоа се усвои како предлог и помине во собрание, ни претстои процес на формирање на тоа тело. Прво ќе мора да се определиме каков модел на саморегулација ни одговара, а после ќе утврдиме начин на претставување во тоа тело, со колку членови ќе се претстават новинарите, сопствениите и граѓанскиот сектор. После треба да се договориме за методологијата на работа и на крај за финансирањето“, вели Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Тој очекува европска помош во функционирањето на новите законски решенија за Европеизација на законот. Селмани вели дека ЗНМ што сега брои повеќе од 500 членови се шири постојано, како еснафско здружение од чија сила, сплотеност и соработката со синдикатот, ќе зависи одбраната на сопствените интереси, професијата и нејзиниот кредибилитет пред сопствениците на медиумите, владата, политичките партии и јавноста за која работиме.
XS
SM
MD
LG